• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ана Стојаноска ќе нè претставува на детската Евровизија во Малта

17 јуни 2026, 08:51
  • cподели

Избрана е македонската претставничка на детката Евровизија 2026.

Македонската радио-телевизија со задоволство објави дека Ана Стојаноска ќе нè претставува на музичкиот натпревар, кој ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ана Стојаноска🎵 (@stojanoska_anaa)

Ана беше избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донесе едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава и уметничкиот потенцијал на Ана.

Композицијата со која Ана ќе настапи е дело на Никола Мицевски, едно од најпочитуваните и најуспешни имиња на македонската музичка сцена. Песната беше избрана преку отворен конкурс за автори, при што жири-комисијата исто така донесе едногласна одлука во корист на композицијата на Мицевски.

Текстот на песната е дело на Илчо Нечовски, познат на пошироката јавност како дел од популарниот македонски бенд „Дупер“ - стои во соопштението.

Ана беше меѓу учесниците во „Музичка фабрика“ и одушеви со изведба на „Зајди, зајди“. Слушнете ја тука:

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ана Стојаноска🎵 (@stojanoska_anaa)

Tags
Ана Стојаноска
детска Евровизија

Најнови

  • Кој би рекол дека полни 60 години? Згодната Хали Бери го прослави јубилејниот роденден во луксузен ресорт

    Mon, 08/24/2026 - 22:20
  • „Лани за роденден - свадбарка, оваа година – презентерка“: Водителката Бубе Јаневска со роденденски фотографии

    Mon, 08/24/2026 - 15:15
  • Еден фустан, три дами од шпанското кралско семејство: Принцезите Софија и Леонор во креација од плакарот на мајка им Летиција

    Mon, 08/24/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.