Ана Курникова роденденски објави фотографии од слатките близначиња кои ги има со Енрике Иглесијас
Ана Курникова на Instagram го одбележа роденденот на нејзините близначиња со Енрике Иглесијас.
Поранешната тенисерка објави слатки фотографии за третиот роденден на Николас и Луси.
39-годишната Русинка, која има и американско државјанство и 45-годишниот пејач се родители и на 10-месечната ќерка Мери.
Парот е во врска веќе 19 години, но ретко издава информации за приватниот живот.