• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Амела Мемиш Апостоловска: „На син ми Леон му фрлаа петарди, а ќерка ми беше претепана и исмевана“

28 април 2026, 11:05
  • cподели

„Траумата од врсничко насилство не се лечи, со неа само се преживува“.

Амела Мемиш Апостоловска

Македонската јавност е ужасната откако беше обелоденет случајот на врсничко насилство во Ѓорче Петров. Многумина реагираат со револт, споделуваат искуства и порачуваат дека промените мора да започнат неодложно.

Клиничкиот психолог Амела Мемиш Апостоловска денеска со потресен статус на социјалните мрежи ја разбранува јавноста, изнесувајќи ја на виделина суровата реалност за врсничкото насилство низ која поминале нејзините сопствени деца. Таа упати директен и остар напад до родителите, нарекувајќи ги главни виновници за „емоционално осакатените“ генерации и нагласи дека изразува почит кон оние кои даваат сè од себе во воспитувањето.

„Моите деца беа жртви додека јас апелирав за другите”

Мемиш Апостоловска со јавноста ја сподели болката на нејзината ќерка и син, кои со години ги носат лузните од училишниот систем:

„Мојата ќерка денес одбива јавна изложеност затоа што во основно училиште беше претепана и исмевана за нејзината нога. Молчела за да ме заштити мене, познавајќи го мојот карактер. Денес, нејзиниот свет е сведен на две-три личности и секојдневна воздишка: ‘Мамо, едвај чекам да заврши годината’“.

За синот Леон, кој има аутизам, посветената мајка споделува:

„Минатата година Леон беше удрен со бокс во грбот во училишниот ходник и исмеван дали е машко или женско. Му фрлаа петарди и го нарекуваа ‘ретардиран’. Иако Леон преку своите настапи испраќа моќни пораки за инклузија, тој и денес нема другари со кои би си играл секој ден. Ништо не е сменето!“

Амела Мемиш Апостоловска

Како гласен поборник за инклузија, психологот предупредува дека децата со попреченост се најлесната мета на „предаторите“ во училниците:

„Децата со попреченост се мета на сурово исмевање кое често не можат ниту да го искажат. Нивната траума останува заробена во нив затоа што не секогаш имаат глас да се пожалат, а насилниците ја црпат својата ‘сила’ токму од немоќта на другиот.“

Мемиш Апостоловска, која во својата пракса работи со возрасни и тинејџери како и родители со  трауми од детството кои  „заживуваат“ по 18-тата година, упати порака до родителите на насилниците:

Засрамете се: Вашата дозвола децата да малтретираат е деформација на вашето сопствено минато. Ги лечите сопствените комплекси преку ‘доминантноста’ на вашите деца.

Џабе се кампањи по училиштата ако родителот дома не е едуциран. Насилникот е дете кое дома гледа насилство или емоционално запоставување.

Денешното ‘едвај чекам да заврши денот’ на вашето дете, утре ќе стане дијагноза која тешко се брише.

Психологот завршува со апел дека е време за итна едукација на родителите, бидејќи тие се клучот за запирање на овој деструктивен циклус.

Амела Мемиш Апостоловска
Tags
Амела Мемиш Апостоловска

Најнови

  • „Среќен роденден на македонското девојче“: Дадар со низа фотографии ѝ го честиташе роденденот на Каролина Гочева

    Tue, 04/28/2026 - 11:59
  • Амела Мемиш Апостоловска

    Амела Мемиш Апостоловска: „На син ми Леон му фрлаа петарди, а ќерка ми беше претепана и исмевана“

    Tue, 04/28/2026 - 11:05
  • Дечко истрча маратон со фрижидер на грбот за да ја подигне свеста за болеста од која почина мајка му, а го демне и него

    Tue, 04/28/2026 - 10:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.