• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција за сопствено производство на влажни марамчиња

19 мај 2021, 11:00
  • cподели

Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“. По 15 години нивно производство надвор од земјава, денес е пуштен во употреба капацитет во кој целосниот процес ќе се спроведува во погоните на компанијата на локалитетот „Лафома“ во Ѓорче Петров.

Технолошката и производствената опрема се набавени од Хрватска и од Турција, а во изведбата на проектот беа вклучени десетина македонски компании. Новата линија овозможува пакување од 5 до 150 влажни марамчиња, со капацитет од 120 единици спакуван производ во минута.

Becutan Becutan

„Оваа инвестиција, чија вредност е близу 4 милиони евра, ја започнавме во март 2020 година. Таа опфаќаше приспособување на производствениот и на складишниот простор со вкупна површина од 3.200 м2, во кој е сместена целосно автоматизирана и роботизирана процесна и технолошка опрема. Максималниот годишен капацитет на оваа инвестиција е 50 милиони парчиња производ, изработени во согласност со строгите нормативи за добра производствена пракса и со европската регулатива за козметика. Особено ни е драго што сиот процес на производство на најпродаваниот производ од портфолиото Becutan, влажните марамчиња, целосно ќе се изведува во нашите погони, според светски стандарди“, изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Becutan

Самиот процес на производство започнува со добивањето прочистена вода, па следуваат приготвувањето на емулзијата за влажни марамчиња, процесот на навлажнување, сечењето, пакувањето на марамчињата во фолија и роботизираната линија за пакување во кутии. Приготвувањето на сопствената формулација за лосионот што се користи во марамчињата се врши во специјални мешалки со капацитет од 12.000 литри во една смена. Опремата е способна да го детектира секое пакетче од влажните марамчиња кое не одговара на пропишаниот норматив и автоматски да го отстрани. На таков начин се обезбедува постојан квалитет на производот и негово континуирано набљудување.

Becutan

Becutan е водечки бренд за детска козметика на македонскиот пазар, познат и признат и на пазарите во регионот, со традиција од 43 години, присутен на пазарите во 25 земји.

Tags
Becutan
Алкалоид

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.