• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI

9 октомври 2024, 12:36
  • cподели

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата

Алкалоид

„Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, овогодишното јубилејно 35. издание на CPhI се одржува од 8 до 10 октомври во Италија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година забележува маркантно учество со свој штанд, како рута на глобалната фармацевтска мрежа, од каде што ја проширува својата листа на еминентни соработници од редот на фармацевтските лидери во светот.

Алкалоид

„CPhI за ’Алкалоид’ е значајна алатка за одржување на трендот на експанзија и за одржување чекор со сите новини во нашата динамична индустрија. CPhI е единствениот глобален one-stop-shop за генеричката фармацевтска индустрија кој нуди можност за средби со постојните и со потенцијалните добавувачи на суровини, ексипиенси и амбалажа, како и со лиценцни партнери и консултанти за регулаторни активности, истражување и развој и слично. Огромни се можностите од прва рака да дознаеме повеќе за најновите трендови во индустријата, зелените технологии, новите молекули и формулации, како и за придобивките од вештачката интелигенција за фармацијата; да пробаме да ги оптимизираме предизвиците во синџирот на набавки и да градиме нови синергии и партнерства. ’Алкалоид’ за првпат учествуваше на овој собир во 2003 година, а со оглед на бенефитите остануваме тука редовно“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Алкалоид

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Милано собра повеќе од 2.400 изложувачи и 62.000 посетители од 166 земји во светот. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето 3,5-децениско постоење прерасна во заедница која го обединува глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, креира врски и инспирира партнерства.

Алкалоид Алкалоид

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.