• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Алкалоид“ на Третата регионална ESG-конференција на AmCham: градење резилиентност во свет што се менува

4 јуни 2025, 13:23
  • cподели

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи платформа за стратешки дијалог, регионална соработка и усогласување на ESG-приоритетите во контекст на заедничките предизвици и цели на регионот.

Живко Мукаетов

„За компаниите во земјава и регионот примената на ESG-принципите повеќе не е избор – тоа е стратешки чекор кон одржлив раст и поголема конкурентност на глобалниот пазар“, истакна во својот воведен говор Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Во својство на член на Бордот на директори на Американската стопанска комора, Мукаетов потенцираше дека иако општествената одговорност на компаниите (CSR) често се смета за правилната работа што треба да се направи, ESG сè повеќе се препознава како паметен пристап, особено во контекст на глобалните предизвици и стремежот кон долгорочна резилиентност и одржливост на бизнисите.

Живко Мукаетов

Од објавувањето на првиот ESG-водич за известување од страна на Македонската берза во 2022 година, изработен со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започна видлив напредок во областа на ESG-сообразноста кај компаниите во земјава и регионот. Сепак, како што беше нагласено од страна на говорниците на Конференцијата, процесот на имплементација сè уште е неконзистентен и нецелосен. Учесниците упатија јасен повик за појаснување на регулативната рамка, воспоставување посилни стимулации и обезбедување техничка и институционална поддршка за градење капацитети, со цел да се овозможи поширока, посистемска и поефикасна примена на ESG-стратегиите во сите сектори на економијата. Особено беше потенцирана важноста од усогласување на националните регулативи со стандардите на ЕУ за одржливост, имајќи предвид дека ЕУ е најголем трговски партнер на регионот.

Живко Мукаетов

Во рамките на втората панел-сесија насловена „ESG во рамки на ЕУ-регулативата: клучни импликации за компаниите од Западен Балкан“, говореше координаторот на ESG-одборот на „Алкалоид“ АД Скопје, Димитар Ристовски, кој изјави:

„За ’Алкалоид’ ESG-стандардите не претставуваат само формална обврска – тие се суштински дел од нашето секојдневно работење и стратешки двигател за управување со ризици, поттикнување иновации, обезбедување долгорочна конкурентност, градење доверба кај инвеститорите и пристап до одржливо финансирање. Денес вистинското лидерство не се мери само преку финансиските резултати, туку и преку влијанието што компанијата го има врз луѓето и животната средина.“

Живко Мукаетов

„Алкалоид“ досега има објавено три ESG-извештаи, а минатата година компанијата го доби признанието „Добри ESG-практики за 2024 година“ од страна на Македонската берза и Американската стопанска комора за својот најнов консолидаран извештај, изработен на ниво на целата групација.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.