• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Алергија на полен: Како да се заштитите од поленовиот прав?

28 март 2013, 15:10
  • cподели

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со пријатниот мирис на расцутените дрвја, но на околу третина од Македонците почетокот на пролетта им создава нервоза бидејќи пристигнуваат и сезонските алергии, најчесто предизвикани од поленовиот прав.

Поленот од цвеќињата, дрвјата и тревата предизвикува алергиски реакции кај 20-30% од македонското население, а со секоја измината година, бројот на засегнатите се зголемува. Иритирачките симптоми како кивање, растечен нос и насолзени очи кај некои лица се лесни и подносливи. Сепак, во ретки случаи може да доведат до астматична реакција. Затоа, многу е важно да не се игнорира потребата од консултација со стручни лица, особено кога станува збор за деца со поленска алергија.

Алергија

Симптоми на алергијата на полен

Алергијата на поленов прав се манифестира преку симптоми како:

  • Кивање;
  • Течна секреција од носот;
  • Чешање или пецкање во очите, носот или грлото;
  • Зацрвенети очи;
  • Солзење на очите;
  • Темни кругови околу очите;
  • Кашлање.

Иако е невозможно целосно да се заштитите од поленот, постојат едноставни начини кои можат да ви помогнат да ја намалите изложеноста на него.

Како да го задржите поленот подалеку од вашиот дом?

Не е тешко малите честички на поленот да завршат во вашето живеалиште кога се невидливи за голото човечко око. Секогаш кога проветрувате, кога влегувате дома со истите обувки со кои пешачевте надвор или кога ја сушите облеката на отворено, вие го каните поленот на гости. Еве како да ја намалите неговата присутност во домот:

  • Чувајте ги прозорците и вратите затворени, особено во утринските часови. Иако проветрувањето ви изгледа како добра опција, во сезоната на поленот тоа може да значи влошување на симптомите на алергија. Користете клима уред и редовно менувајте ги филтрите за прочистување на воздухот. Најдобро време за проветрување се врнежливите денови и деновите со висока влажност во воздухот. Избегнувајте го проветрувањето во ветровити денови.
  • Чистете со правосмукалка и бришете прашина најмалку двапати неделно. Можеби не сте знаеле, но прашината во вашиот дом содржи и полен. За да го намалите интензитетот на симптомите, потребно е да ја минимизирате прашината во домот.
  • Забранете го пушењето во домот. Чадот од цигарите може да ги влоши симптомите на алергијата.
  • Сушете ја облеката и постелнината дома или во машина за сушење алишта. Поленот лесно се таложи на алиштата кога тие се сушат надвор.
  • Соблекувајте ги и чистете ги обувките пред да го пречекорите прагот. Не влегувајте со обувките дома, бидејќи на нив има полен кој подоцна може да ви ги дразни носот, очите и грлото. Соблекувајте ги обувките пред вратата.
  • Истуширајте се и променете ја облеката веднаш штом ќе влезете дома. Ако не планирате повторно да излегувате, влезете веднаш под тушот. Додека сте надвор, поленот се собира на вашата коса, кожа и на облеката, па ако не го отстраните, тој лесно може да заврши на вашата перница и да ви го уништи сонот во текот на ноќта. Доколку пак планирате повторно да излегувате, оставете го туширањето за добра ноќ.
  • Чистете го домашниот миленик пред да го пуштите во домот. Напролет, кучињата собираат полен на нивното крзно, па многумина погрешно сметаат дека се алергични на нивните влакна, кога единствено им пречи поленот. Пред да го пуштите вашето милениче дома, исчешлајте го или поминете по неговото крзно со влажна крпа. Ако пак немате време за тоа, забранете му да влегува во спалната соба.

Што ако морате да излезете надвор?

Колку и да сакате да се сокриете од поленот, нема да можете да останете затворени дома. Искористете ги следниве совети за да ја намалите изложеноста на полен кога сте надвор од вашиот дом:

  • Доколку е возможно, излегувајте кога честичките на полен во воздухот се помалобројни. Иако поленот е застапен во воздухот во текот на целиот ден, тој е најконцентриран претпладне. Одложувајте го излегувањето од дома до пладне, а особено бидете внимателни во ветровитите денови. Концентрацијата на полен опаѓа кога врне дожд.
  • Носете очила или очила за сонце. Очилата во голема мера ќе го спречат ветерот да донесе полен до вашите очи.
  • Не ги отворајте прозорците од вашиот автомобил. Одолејте ѝ на желбата да возите со отворени прозорци, затоа што поленот ќе си пронајде место и во вашиот автомобил.
  • Избегнувајте ја свежо искосената трева и предајте ја грижата за градината на некој друг. Косењето на тревата и собирањето лисја во градината ги раздвижуваат честичките на полен, па тие лесно можат да стигнат до вашиот нос или устата. Исто така, избегнувајте контакт со свежо искосена трева.
  • Ако морате да работите во градината, ставете маска која ќе ви ги покрива носот и устата. Маската можеби нема да ви даде модерен изглед, но секако ќе ве заштити доколку нема кој друг да ја преземе грижата за градината.

Кога алергијата предизвикува поизразени симптоми, неопходна е консултација со лекар кој може да предложи лекови, капки или спрејови за ублажување на симптомите.

Tags
полен
алергија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.