Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Домашните миленици – добри за вашето здравје

Домашните миленици – добри за вашето здравје

Домашните миленици носат огромна радост во многу домови. Нивната несебична љубов создава позитивна енергија која исполнува и тие стануваат незаменлив член на семејството. Но, не само тоа. Домашните миленичиња освен расположението го подобруваат и здравјето на многу различни начини.

Домашни миленичињаЖена со мачеЖена со мачеДевојче со кучеЖени со своите кучињаДевојче со куче

Го подобруваат расположението

Потребно е да поминете само 15-30 минути со вашето маче или куче за да чувствувате помалку вознемиреност и стрес.

Додека се забавувате со вашето милениче, во вашето тело се случуваат многу промени, кои на крајот водат до подобрување на расположението.

Нивото на кортизол, хормонот на стресот, се намалува. Се забележува и зголемено производството на серотонин - „хормонот на среќата“.

Намалувањето на стресот го подобрува вашето целосно здравје.

Го подобруваат здравјето на срцето

Сопствениците на домашни миленичиња се изложени на помал ризик од смрт од срцеви болести.

Истражувањата покажуваат дека една од ползите од чување на мачка е зачувување на здравјето на срцето. Резултатите од 20-годишно истражување покажале дека луѓето кои чуваат мачка имаат 40% помали шанси да умрат од срцев удар.

Друго истражување покажало дека шансите за опоравување по срцев удар се поголеми кај луѓето кои поседуваат куче.

Галењето на милениче ја намалува депресијата

Многу експерти како лек против депресија го препорачуваат чувањето на милениче.

Галењето маче или куче има смирувачко дејство. Љубовта од нив дејствува позитивно на секој човек. Животните никогаш нема да ве одбијат кога сакате да зборувате. :)

Грижата за кучето или мачето ги прави луѓето да чувствуваат дека покорисно го трошат своето време и тоа им ја зголемува самодовербата.

Ја намалуваат појавата на алергии и астма

Постојано се зголемува бројот на истражувања кои покажуваат дека ако детето живее со крзнено животно како маче или куче или постојано е во контакт со поголеми домашни животни (коњ), тогаш тоа е изложено на помал ризик од алергии и астма.

Помал е и процентот на бебиња кои развиваат егзема – алергична реакција на кожата.

Помагаат во зацврстувањето на коските

Прошетките со кучето ги зацврстуваат коските и мускулите околу нив.

Прошетката овозможува и поголемо изложување на сонце, кое што придонесува за создавањето на витамин Д.

Зацврстувањето на коските е најдобрата заштита од остеопороза и скршеници.

Помагаат во одржувањето на нормален крвен притисок

Се разбира, не е доволно да имате маче или куче за да имате нормален крвен притисок, но тие можат да ви помогнат да го одржувате.

Резултатите од истражување во кое учествувале 240 брачни парови, покажале дека сопствениците на миленичиња имаат понизок крвен притисок и побавен срцев ритам, отколку оние што немаат милениче.

Друго истражување пак покажа дека кај децата кои страдаат од хипертензија (покачен крвен притисок) се забележува намалување на притисокот додека го галат своето куче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.