• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ако можам јас да се променам, секој може“: Мајка ослабе 108 кг за само 17 месеци, сега инспирира на Instagram

22 март 2021, 21:10
  • cподели

Мајка намали повеќе од половина од тежината и сега инспирира и други личности да го следат нејзиниот пат кон лична трансформација.

Меган Си тежела 190 килограми кога сфатила дека дебелината сериозно го нарушува нејзиното здравје. Болката која ја чувствувала при наједноставни активности повеќе не била издржлива. 30-годишната Американка, која има една ќерка, ја намалила тежината за 108 килограми за само 17 месеци.

Меган Си Меган Си Меган Си Меган Си

„Во 2017 година се соочив со потешкотии во мојата подвижност. Ме болеше дури и да станам од кревет, ме болеше да си ги облечам чевлите... Јас всушност не го живеев животот, туку само се обидував да се грижам за ќерка ми. Повеќе не учествував вистински во животот. Бев повеќе заљубена во храната отколку во живеењето на животот... Ментално ми беше тешко да признам дека немам контрола врз себе“ – рекла Меган.

Таа и претходно многупати се обидувала да ослаби, сметајќи на строги диети кои ветуваат брзи резултати. Но, секојпат си ги враќала килограмите.

Меган Си Меган Си

Решена овој пат нејзината трансформација да биде трајна, Меган правела мали промени кои секојдневно ги надградувала.

„Започнав со мали промени. Прво започнав малку по малку да ја отстранувам процесираната храна и се принудував да имам 10 минути физичка активност дневно, чистење или шетање на кучињата со ќерка ми. Постепено само додавав на тоа. Си го дадов тоа ветување, дека без разлика на сè, ќе имам 10 минути физичка активност. Тоа ми помага да имам рутина и секој ден да имам време за себе“.

„Ја користев ќерка ми како мотивација за да тренирам повеќе и ја вклучував и неа во тоа“ – вели таа.

Меган Си Меган Си Меган Си Меган Си

Меган е убедена дека секој може да ги направи посакуваните промени во начинот на живот и во изгледот, но најпрво мора да верува во себе.

„Ако не веруваш дека можеш да се промениш, тогаш нема да се промениш. Верувај во себе, бидејќи јас знам дека ако јас можам да се променам, секој може да се промени“ – вели таа.

Меган СиМеган со сестра си, која исто така значително ослабела Меган Си Меган Си Меган Си Меган Си Меган Си Меган Си

Гордо покажувајќи го вишокот на кожа како резултат на големото слабеење, Меган пренесува порака дека никој не е совршен. Таа нема намера оперативно да ја отстранува овиснатата кожа.

Меган Си Меган Си

Не можам да ти ветам дека еден ден ќе се разбудиш и ќе се вљубиш во твојата висната кожа засекогаш, но можам да ти ветам дека еден ден ќе погледнеш во неа и ќе се гордееш.

Ќе се гордееш колку си созреала.
Ќе се гордееш со упорноста.
Ќе се гордееш со изборите кои сега ги правиш.
Ќе се гордееш со жената која стануваш.
Ќе се гордееш со предизвиците кои си ги надминала.
Ќе се гордееш со менталната и физичка работа која си ја направила.

Љубовта кон себеси не е да сакаш постојано сè што гледаш во огледалото, туку да ја препознаеш потребата да се почитуваш себеси, вклучително и тие твои делови.

Откако ослабев 108 килограми за 17 месеци и одлучив да ја продолжам трансформацијата без операции, научив многу за мене и сфатив дека мојата слика за мене најчесто е поврзана со другите. Ги отстранувам сите кои влијаат на мене за да верувам дека треба да изгледам поразлично или дека има нешто „погрешно“ во мојот изглед.

Најголем дел од луѓето не ни знаат колкава количина овисната кожа носам на мене секојдневно.

Видео за трансформацијата на Меган

Tags
големо слабеење
трансформација со слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.