• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ако домот не е безбедното место, надвор потешко ќе го најдат“: Апел на психологот Живановиќ по потресниот случај на врсничко насилство

28 април 2026, 13:17
  • cподели
Врсничко насилство

Вознемирувачкиот случај на врсничко насилство во скопската населба Ѓорче Петров, каде неколку малолетни ученички брутално малтретирале и понижувале своја врсничка, ја потресе македонската јавност. Според информациите, жртвата била изложена на физичко и психолошко насилство, вклучително и горење со цигари и понижувачки постапки од кои и присилно да јаде кучешки измет.

Психологот и психотерапевт Радмила Живановиќ апелира дека ваквите случаи се сериозен сигнал дека е потребен системски пристап, но и поголема вклученост на родителите. Таа потенцира дека родителите треба да бидат внимателно присутни и во дигиталниот свет на децата, особено до 16-годишна возраст. Исто така, предупредува дека честопати ваквите теми остануваат само во разговорите меѓу возрасните, наместо да се отворат и пред децата. Живановиќ нагласува дека домот мора да остане „безбедното место“ за секое дете.

Нејзината објава во целост:

Што можеме за почеток да направиме со нашите деца кога слушнавме за немилата случка со ученичката која реално се случи на само 500 метри од нас?

Да ја споделиме како информација со нашето дете/деца и да разговараме со него/нејзе/нив, за да провериме дали биле изложени на вакви слични ситуации, да провериме како сега се чувствуваат или се е чувствуваат веќе некое време, да потврдиме дека сме секогаш присутни доколку почувствуваат дека би можело да им се случи некаква навреда или злоупотреба и да разговараме за кои конкретни чекори би ги превзела/ел/ле во случај да се случи некаква закана или непријатност.
 

Во овој случај, претпоставувам дека веќе сте разговарале со вашите деца за кои информации да ги комуницираат на социјалните мрежи, а имаат најмал ризик да се злоупотребат. Воедно, бидејќи никогаш не сме сигурни, до 16 години потребно е да бидете  и “тивкиот” присутен или присутен во сенка на сите социјални мрежи на вашето дете. Доколку забележите несоодветни постови, коментари или други содржини потребно е веднаш да преземете нешто, прво во разговор со детето а потоа и со останатите возрасни/институции кои можат да помогнат доколку ситуацијата е повознемирувачка.
Многупати ваквите немили случки ги држиме само во разговор на возрасните наместо да ги донесеме во контактот со децата. Ова е нивната и нашата реалност, нивното и нашето опкружување! Многу пати штитејќи ги или наоѓајќи одговор за секој нивен проблем или целосно игнорирајќи ка реалноста ние всушност ги инхибираме или целосно ги исклучуваме нивните капацитети за само-заштита и право на избор.

Вклучувајте ги децата во разговорите кои се и нивни предизвици. Поставувајте прашања и бидете заинтересирани без да наметнувате готови решенија и длабоко закоравени ставови. Дајте им простор да се изразат. Бидете присутни и во убавите и во непријатните ситуации, без потреба да ги спасувате туку да им помогнете. Пред да им помагате, дајте им гушка, љубов и утеха. Ако домот не е безбедното место, надвор потешко ќе го најдат.

Претходно, таа јавно посочи дека ваквите случаи се аларм за институциите да воведат построги регулативи, вклучително и ограничување на користењето на социјалните мрежи кај помладите.

Ова врсничко насилство и малтретирање на ученичка во Ѓорче Петров е аларм за институциите да воведат регулативи и забрани на ниво на цела држава за забрана на користење на социјалните мрежи до 14-16 годишна возраст.

Воопшто не се ефективни повиците овој феномен да се решава единствено со повеќе посветеност и свесност кај родителите. Дури веќе ми се здосади само тоа да го слушам. Она што не функционира е токму тој систем кој повикува на одговорност а не нуди никаква заштита и одговорност. Системот кој не нè заштитува и не се грижи, ниту за децата ниту за семејствата.

Колку и да си свесен и посветен родител, не секогаш можеш да си во контакт со прашањата и проблемите со кои твоето дете се соочува посебно не додека е на училиште или надвор од дома. Ти можеш да разговараш, но не секогаш тинејџерот ќе ти дозволи да му пристапиш онака како што сакаш. Па сите ние сме биле тинејџери и најмалку што сме сакале е да ги споделуваме непријатностите и проблемите со нашите родители. Нашите родители требало да нè “ловат” во однесувањето и сменетата експресија, да не притискаат за да “признаеме”. И сепак ние бевме други генерации од овие нови генерации кои носат поголем ризик за страдање и осамување во страдањето.

Покрај тоа, и ние семејствата и родителите секојдневно доживуваме притисок од другите семејства, од другите родители, од институциите и од нашите лични и специфични егзистенцијални и ментални товари на живеењето. Родителот нема капацитет да е супер-родител или херој секој ден. Едноставно ограничени ни се капацитетите, можностите и ни е потребна секојдневна помош во воспитувањето и грижата за нашите деца.

Па затоа и би прашала:
Како системот се грижи и нè заштитува нас родителите и нашите деца?
Како институциите се грижат и нè заштитуваат нас и нашите деца?

Tags
врсничко насилство

Најнови

  • Врсничко насилство

    „Ако домот не е безбедното место, надвор потешко ќе го најдат“: Апел на психологот Живановиќ по потресниот случај на врсничко насилство

    Tue, 04/28/2026 - 13:17
  • Сложни бивши: Заводникот Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез се обединија за 16-тиот роденден на ќерката

    Tue, 04/28/2026 - 12:36
  • „Среќен роденден на македонското девојче“: Дадар со низа фотографии ѝ го честиташе роденденот на Каролина Гочева

    Tue, 04/28/2026 - 11:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.