Ајде Македонија, да купуваме онлајн: LC Waikiki е достапен за онлајн продажба во Македонија
LC Waikiki го проширува своето глобално е-трговско присуство и започнува со онлајн продажба во Македонија. Продолжувајќи со проширувањето на својата глобална е-трговска мрежа, LC Waikiki започна со онлајн продажба во Македонија. Брендот, кој во моментов работи со 17 продавници во земјата, сега ќе им биде достапен на своите потрошувачи и преку дигиталните канали, со што бројот на земји во кои нуди е-трговски услуги достигнува 20.
Продолжувајќи да го зајакнува својот глобален раст преку дигитални инвестиции, LC Waikiki го прави следниот чекор во развојот на својата онлајн продажна мрежа со започнувањето на е-трговијата во Македонија. Со додавањето на Македонија, LC Waikiki ја проширува својата глобална дигитална малопродажна мрежа на 20 земји и продолжува со растот на своето е-трговско работење.
На овој начин, брендот продолжува да им овозможува на своите потрошувачи побрзо, полесно и покомплетно шопинг-искуство – не само преку своите физички продавници, туку и преку дигиталните канали.
Присутен на македонскиот пазар веќе 8 години, LC Waikiki во моментов им служи на своите потрошувачи преку 17 физички продавници. Со започнувањето на онлајн продажбата, потрошувачите ширум земјата сега ќе имаат можност во секое време и од каде било да ја разгледаат и нарачаат широката понуда на брендот.
Богатиот избор на модели – од највпечатливите парчиња од женската, машката, детската и бебешката мода, до колекциите на домашен текстил кои внесуваат дополнителна елеганција во секој простор – сега е достапен и онлајн за љубителите на модата во Македонија.
Сезонските трендови, од лежерна секојдневна елеганција до впечатливи комбинации за посебни пригоди, од функционална спортска облека до разнобојниот свет на детската мода – сè што потрошувачите го бараат сега е достапно co само еден клик.
Воден од филозофијата „Секој заслужува да се облекува убаво“, LC Waikiki го смета овозможувањето на поголем број точки на контакт со потрошувачите на постојните пазари, како и проширувањето на нови пазари, за едни од своите стратешки приоритети.
LC Waikiki ги поканува своите потрошувачи во Македонија да ја откријат новата онлајн платформа за купување и да ги запознаат најновите колекции за сезоната.