• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Адел доминираше на Brit Awards 2016

25 февруари 2016, 10:09
  • cподели

Синоќа лондонската О2 арена беше преплавена со познати имиња од светот на музиката на 36. по ред издание на Британските музички награди.

Адел доминираше меѓу победниците и во нејзини раце завршија вкупно четири награди. 27-годишната пејачка беше прогласена за Најдобра британска пејачка, а ги присвои и статуетките за Најдобра британска песна за „Hello“, Најдобар британски албум за „25“ и за Глобален успех.

Адел

На британскиот пејач и гитарист Џејмс Беј му припадна честа да ја понесе титулата Најдобар британски пејач, а за Најдобра британска музичка група беа прогласени Coldplay.

Џејмс Беј Coldplay

Во рацете на Џастин Бибер заврши наградата Најдобар интернационален пејач, а Бјорк беше прогласена за Најдобра интернационална пејачка. Најдобра интернационална музичка група е Tame Impala.

Џастин Бибер Tame Impala

Спотот за „Drag Me Down“ на One Direction ги победи номинираните во категоријата и стана Најдобро британско музичко видео.

One Direction
Tags
Brit Awards 2016
Brit Awards

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.