• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

А1 Македонија прославува со своите корисници: 50% роденденски попуст за 5 години А1

3 септември 2024, 13:58
  • cподели

А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на ГрупацијатаА1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар. Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество.

A1

„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“ - изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги, што претставува потврда за довербата во поглед на достапноста и квалитетот на услугите на компанијата.

„Задоволните корисници се нашиот секојдневен поттик за постојано да се подобруваме и да растеме. Затоа, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваме најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и врвни технологии. Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност. Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“ - изјави Мирчев.

Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред. Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.