• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шминка

7 безвременски мејкап изгледи

5 декември 2011, 11:30
  • cподели

Трендовите во шминката доаѓаат молскавично брзо и понекогаш заминуваат уште пред да успееме да трепнеме. Навистина, забавно е експериментирањето со новите бјути предизвици кои секоја модна сезона ни ги наметнуваат врвните мејкап артисти, но ако не сакате да им робувате на привремените трендови, сигурно ви е задоволство да се разубавувате со помош на некои од класичните мејкап изгледи.

Еве неколку вечни трендови во шминкањето кои секогаш се во мода:

„Мачкини очи“Зачаден погледЦрвен карминСива сенка за очиЗаруменети образиСјајни усни и густи долги трепкиБебешко розови нокти

„Мачкини очи“

Оцртувањето на горниот капак на очите со црна линија која продолжува надвор од надворешниот агол на окото е мејкап стил кој секогаш може да донесе нота гламур и софистицираност во вашиот комплетен изглед.

Шминката „мачкини очи“ се поврзува со ретро стилот, но Холивуд никогаш не престана да ја обожава. Сепак, овој мејкап изглед настанал многу порано – хиероглифите и цртежите од антички Египет се доказ за староста на овој тренд.

Течниот ајлајнер е вистинската алатка за „мачкини очи“, но со него линијата е повидлива и потешка за постигнување. Користете молив за очи кога сакате понежна варијанта на овој изглед.

Зачаден поглед

Мистериозниот зачаден поглед никогаш не престанува да маѓепсува со својата магнетска привлечност.

Шминката популарно позната како „smokey eyes“ не следи некои строги правила. Изборот на боите е ваш, интензитетот на „зачаденоста“ е според ваша желба. Сепак, се наметнува едно мало правило: кога ги акцентирате очите со силна шминка тип „smokey eyes“, оставете ги усните „голи“.

Црвен кармин

Сакате да покажете храброст и сексапил преку шминката? Дајте му шанса на црвениот кармин. Учете од модните икони од минатото и користете ги црвените усни како таен моден адут кој може да го преобрази целиот ваш изглед и да го зграпчи машкото внимание.

Кога станува збор за нијансите, заборавете на она што е модерно и тренди и пронајдете која нијанса најдобро ги потенцира цртите на вашето лице и најдобро го презентира вашиот осет за стил.

Сива сенка за очи

Никогаш нема да погрешите со сивите сенки за очи, затоа што не се ни топли, ни ладни, туку неутрални.

Одговараат на сечиј тен, а и со секоја можна модна комбинација. Уште подобро е што можете да ги користите и за дневна и за вечерна шминка. За преку ден користете ги понежните нијанси само во комбинација со маскара, а вечерта акцентирајте ги очите со потемни нијанси и ајлајнер.

За најсвечени прилики искористете го ефектот на светликавите кремасти сиви сенки – инстантно ќе добиете блескав и елегантен изглед.

Заруменети образи

Жените често го изоставаат руменилото, иако тоа е најлесниот начин за освежување на кожата на лицето. Руменилото дава примамлив блесок кој се асоцира со срамежливост, невиност, заљубеност, младост и здравје.

Безвременскиот изглед можете да го негувате со руменило во розова или боја на кајсија. Избегнувајте ги интензивно црвените руменила и темнокафеавите нијанси.

Руменилото е нож со две острици. Ако го нанесете соодветно, ќе го потенцира вашиот шарм, но ако претерате, може да делува кичесто и кловновски.

Сјајни усни и густи долги трепки

За нежен и природен изглед, единствено акцентирајте ги трепките со маскара и дајте им волумен на усните со проѕирен сјај.

Долгите густи трепки имаат силна моќ на заведување која ниту една жена не треба да ја потценува. Истакнувањето на трепките со маскара на шармантен начин ги зголемува очите.

Сјајните усни отсекогаш биле и ќе останат во мода, особено во текот на летните месеци. Со малку сјај за усни ќе ги направите усните пополни и попримамливи за машкото око.

Бебешко розови нокти

Женствени и елегантни, бебешко розовите нокти никогаш нема да бидат категоризирани како невкусни, непривлечни или неактуелни. Не само што розовиот лак изгледа софистицирано и префинето, туку и го подмладува изгледот на рацете.

Повремено одморајте ги ноктите од лаковите со силни бои, затоа што темните лакови ги пожолтуваат ноктите. Обојте ги со светло розов лак за да ја потенцирате нежноста на вашите раце.

Tags
шминка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.