• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Фитнес

6 вежби за тонирани и цврсти раце

10 јуни 2016, 13:00
  • cподели

Сите припаднички на понежниот пол копнеат за убаво оформени раце, особено во топлите денови кога има модна доминација на маичките и фустаните со прерамки и кратки ракави.

Алекс Силвер-Феган, која е фитнес тренер, споделува вежби за цврсти раце без фитнес опрема, користејќи ја само тежината на своето тело.

Алекс

Вежба 1: Повторување 30 секунди

Застанете во позиција за склекови. Подигнете го задникот кон таванот и со левата рака посегнете кон десното стапало. Потоа, кревајте ја левата рака нагоре и со полукружно движење насочете ја кон задниот дел од десната нога. Повторете ја вежбата и со десната рака.

Вежби за раце

Вежба 2: Повторување 30 секунди

Застанете во позиција за склекови. Дланките поставете ги под рамената, а телото нека ви биде во права линија. Спуштајте ги градите кон подот, но внимавајте при спуштањето лактите да формираат „стрела“, односно да бидат насочени наназад.

Вежби за раце

Вежба 3: Повторување 30 секунди

Застанете во планк позиција. Дланките нека ви лежат подот, а да бидат насочени нанапред. Подигајте го задникот нагоре, додека го спуштате предниот дел надолу, но внимавајте нозете да ви бидат исправени. Вратете се во првобитната позиција.

Вежби за раце

Вежба 4: Повторување 30 секунди

Застанете во планк позиција, подлактиците нека ви лежат на подот. Потоа користејќи ја десната рака подигајте го телото нагоре додека двете раце не ви бидат исправени. Повторете ја истата вежба, подигајќи се и со левата рака.

Вежби за раце

Вежба 5: Повторување 60 секунди

Легнете на стомак на подот и подигнете се на рацете. Одлепете ја десната дланка од подот, со неа допрете го левото рамено и посегнете кон таванот. Направете го тоа неколку пати со десната рака, а потоа преминете на другата страна.

Вежби за раце

Вежба 6: Повторување 60 секунди

Легнете на стомак на подот. Подигнете ги рацете и нозете нагоре во поза „супермен“. Истовремено подигајте ги десната нога и левата рака колку што можете погоре, а потоа истото направете го со левата нога и десната рака.

Вежби за раце

ВИДЕО:

Tags
вежби
вежби за раце

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.