• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

56-годишна жена стана модел на Sports Illustrated во обид да ги промени стандардите за убавина во модната индустрија

17 јули 2020, 11:48
  • cподели

56-годишна жена ги краси страниците на јулското издание на Sports Illustrated, посветено на костимите за капење.

Кејти Џејкобс одушеви со одличната фигура во шестата деценија од животот и беше избрана како една од шесте финалистки на SI Swim Search во конкуренција од илјадници девојки и жени. Таа се пријавила на натпреварот со цел да ги промени стандардите за убавина во модната индустрија и општеството.

Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс

Со висина од 160 сантиметри, таа не ги претставува само жените над 50 години, туку и ниските жени.

„Првиот пат кога се пријавив не ја поминав ни првата рунда. Но, не се предадов! Горев од желба да се обидам повторно и да бидам дел од менувањето на начинот на кој општеството гледа на жените над 50 години“ – вели Кејти.

Џејкобс се залага за инклузија на ниските модели во модната индустрија зашто смета дека модата треба да биде повеќе од возраст и висина.

„Нема ниски жени на модните писти, а просечната жена во САД е 162 см. Клиентите сè уште сакаат само високи девојки. Не велам само дека жените над 55 години се важни, туку и дека ниските девојки се важни. Неверојатно е како стигнав толку далеку, а имам 56 години и сум ниска.“

„Мислам дека изгледам подобро во бикини отколку во едноделен костим за капење“ – вели таа самоуверено.

Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс

Запрашана која порака сака да ѝ ја испрати на нејзината 13-годишна верзија, таа одговорила:

„Без разлика какви проблеми имаш сега, тие се само привремени и со текот на времето нема да бидат ништо друго освен бледило за идната верзија од тебе. Не се обесхрабрувај ако нештата не функционираат онака како што ти си мислиш, едноставно продолжи понатаму. Ах да, патем ќе бакнеш некои жаби за да го сретнеш твојот принц, само запомни ако квака како патка, значи е патка“.

Нејзиниот изглед се должи на добра исхрана, избегнување на сончевите зраци и тренирање четирипати неделно.

„Не јадам леб, тестенини, бели компири, ориз и месо. Јадам риба и не консумирам шеќер“ – споделува Кејти.

Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс Кејти Џејкобс

Фотосесијата за списанието била снимена на Туркс и Кајкос.

Tags
Sports Illustrated

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.