• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Барање работа

5 знаци дека имавте успешно интервју

18 октомври 2009, 21:27
  • cподели

Прочитавте многу совети како да се претставите на интервјуто за работа, како да се облечете, што да кажете, како да одговорите на незгодните прашања, отидовте на интервјуто и сега не знаете на што сте. Во главата постојано поминувате пак и пак низ целото интервју и си ги барате грешките.

Ракување
Второто интервју или запознавањето со тимот, се добар знак дека се претставивте одлично на интервјуто.

Како да знаете дали поминавте добро или дали повторно ќе добиете повик со кој ќе ве одбијат? Еве неколку знаци кои ќе ви потврдат дека се претставивте добро:

  1. Второ интервју. Ако веднаш ве поканат да отидете на второ интервју, тоа е знак дека се заинтересирани за вас. Доколку не беше така, најверојатно ќе ве известеа дека ќе контактираат со вас за да ве информираат за нивната одлука.
  2. Запознавање со тимот. Добар знак е ако оној што го спроведува интервјуто, уште веднаш ве запознае со некои вработени или ако ви спомене дека би сакал да ве запознае со некои конкретни луѓе. Ако смета дека не сте соодветна за таа позиција, нема воопшто да се реши на таков чекор. Запомнете дека тој може да побара мислење од тимот, па затоа однесувајте се добро со сите што ќе ги запознаете.
  3. Ви одговараат темелно на сите прашања. Во повеќето интервјуа ве прашуваат дали имате прашања, но ако ви одговараат кратко и незаинтересирано, тоа е знак дека не сте поминале баш најдобро. Кога личноста која ве интервјуира се обидува да одговори темелно на вашите прашања, тоа е знак дека сака да ве привлече.
  4. Се обидуваат да ви ја „продадат“ позицијата за која кандидирате. Кога работодавец е заинтересиран да станете дел од неговиот тим, тој ќе ви ги посочува силните страни на позицијата за која кандидирате и на компанијата. На тој начин тој сака да добиете јасна претстава за тоа како стојат работите во компанијата и сака да ви даде до знаење дека вие сте соодветниот човек за тоа работно место.
  5. Невербалната комуникација. Невербалните сигнали се добар начин за да оцените како сте поминале на интервјуто за работа. Обрнете внимание на личноста која ве интервјуира и побарајте невербални сигнали како запишување забелешки, насмевка, кимање со главата или поставување на прашања. Ако интервјуерот запишува само неколку забелешки, постојано гледа на својот часовник или не поставува детални прашања, вашето интервју не поминува како што треба.

Ако ги забележите овие знаци, можете да се опуштите и да бидете сигурни дека сте се справиле добро на интервјуто. Но, тоа не е гаранција дека работното место е ваше. Секогаш постои можност и некој друг да се претстави исто добро или подобро од вас.

Сепак, ако се присутни овие знаци, бидете сигурни дека имате шанса да ја добиете работата која ја сакате.

Tags
интервју
работа

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.