• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Фитнес

5 вежби за зацврстување на стомачните мускули

7 јули 2010, 06:16
  • cподели

Стомакот е една од проблематичните зони за повеќето жени. Пасивниот начин на живот, стресот и консумацијата на нездрава храна се главни виновници за големото стомаче.

Доколку и вие го имате овој проблем, прво и основно што треба да знаете е дека рамниот стомак се добива преку вежбање на целото тело, а не само преку правење на колку што е можно повеќе вежби за стомачните мускули. Вие може да ги поседувате најсилните стомачни мускули, но ако тие се прикриени под масните наслаги, никој нема да знае дека ги имате.

Вежбите за стомачни мускули треба да бидат дел од секоја фитнес програма. Но, за да ги обликувате стомачните мускули, не треба да правите само стандардни стомачни вежби, туку треба да практикувате вежби за целото торзо. Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

Вежба за стомакЛегнете на грб и испружете ги рацете над главата, така што дланките да ви бидат насочени нагоре. Стегнете ги стомачните мускули и едновремено започнете да ги носите колената кон градите, а рацете нанапред, подигајќи го малку горниот дел од телото. Треба да ја достигнете положбата прикажана на сликата.

Задржете се во таа положба 5 секунди и повторно легнете на подот. Повторете ја оваа вежба 12 пати.
Вежба за стомакЛегнете на грб и раширете ги рацете и нозете. Вашето тело гледано одгоре треба да има форма како „Х“. Истовремено започнете да го подигате горниот дел од телото и нозете. Ставете ја левата нога пред десната и подигајте ги нозете додека не бидат под агoл од 90° со подот. За тоа време подигајте го горниот дел од телото, спојте ги дланките и носете ги на левата страна (како на сликата).

Вратете се во првобитната положба и повторете ја вежбата на другата страна. Направете 16 повторувања (8 налево и 8 надесно).
Вежба за стомакЛегнете на подот, подигнете ги нозете и потпрете ги на работ на стол. Рацете треба да ви бидат покрај телото, а нозете не треба да ги свиткувате. Стегнете ги мускулите на задникот и бутовите и започнете да го подигате задникот нагоре. Истовремено подигајте ги и рацете. Потребно е да дојдете во положбата покажана на сликата.

Задржете се 2-3 секунди и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата 12 пати.
Вежба за стомакЛегнете на подот, подигнете ги нозете и потпрете ги на работ на стол. Земете крпа или стап во рацете и испружете ги над главата. Започнете да се подигате нагоре, вртејќи го торзото налево, додека не дојдете во положбата прикажана на сликата.

Потоа вратете се во почетната положба и започнете повторно да се подигате, овој пат вртејќи се надесно. Направете 16 повторувања (8 налево и 8 надесно).
Вежба за стомакКлекнете на подот и ставете ги дланките зад главата. Држете ги колковите стабилни, стегнете ги стомачните мускули и свиткајте го горниот дел од телото кон папокот (како на сликата). Потоа исправете се.

Направете 12 вакви контракции на стомачните мускули.
Tags
стомак
вежби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.