„5 години откако му реков НЕ на канцерот“: Ивана Лескароски покрај синчето Роман го прослави 37-миот роденден
Ивана Лескароски во домашна атмосфера со најблиските го прослави својот 37-ми роденден, кој воедно означува и 5 години од нејзината победа над ракот.
Овој ден за храбрата мајка од Охрид беше симбол на животот, на победите кои веќе ги извојува и на битките кои сè уште ги води заедно со својот син Роман и сопругот Дејан Лескароски.
Роденденот за неа доаѓа во период кога Роман минува низ здравствени предизвици. Токму затоа, наместо желби за себе, Ивана има желба за победа на нејзиното дете.
„Ако нешто посакувам денес, тоа не е за мене. Не е здравје за мене, не се желби за мене… Сакам победа на моето дете. Победа на Роман“ – стои меѓу другото во нејзината порака.
Роденден…
И не, не ми е до славење како порано.
Не ми е до бучава, до гужви, до големи насмевки што кријат болка.Но сепак… славам.
Славам затоа што денес не славам само уште една година живот,
туку славам 5 години победа. 5 години откако му реков НЕ на канцерот.
5 години борба, падови, солзи што никој не ги виде,
но и вера што никогаш не згасна.Славам затоа што сум тука. Канцер слободна.
Жива. Силна. Поинаков човек… но непобедлива.Овој роденден не ми е како другите.
Овој роденден ме потсетува зошто не смеам да се откажам.
Ме потсетува дека секој здив е подарок,
дека секое утре е нова шанса за победа.И денес… имам уште поголема причина да се борам.
Мојот Роман. Моето око, мојата сила, мојата најголема молитва.
Ако нешто посакувам денес, тоа не е за мене.
Не е здравје за мене, не се желби за мене…Сакам следниот мој роденден да го дочекам
со насмевка што ќе значи уште една победа.
Победа на моето дете. Победа на Роман.И знам дека ќе дојде тој ден.
Затоа што оваа мајка не се откажува.
Затоа што љубовта не губи.
Затоа што вербата е посилна од секоја дијагноза.Денес не славам роденден…
Денес славам ЖИВОТ. И ветувам, ќе се борам додека и последната битка не стане победа.Нека ми е среќен роденденот а јас, можам, морам, сакам ќе успеам во се што следува имам за кого, за Дејан, за Роман, за двата ангели на небото, за моите сакани и за сите вас на кои сум инспирација и пример за тоа како се бори со животот секој ден и се до последен здив.
Животот на Ивана бил исполнет со многу трагедии кои би скршиле многумина. По загубата на две деца и бројни спонтани абортуси, таа конечно станала мајка, на момчето кое го нарекува „чудо“. Но, судбината не престанала да ја тестира тука. Имено, Роман денес живее со повеќе сериозни дијагнози и секој ден е нова борба, нов предизвик и нова надеж.

И покрај сè, Ивана одбива да се предаде. Таа пишува:
Овој 37-ми роденден не беше само нејзин. Беше роденден на мајчинската љубов, на верата која не се крши и на надежта дека и оваа битка ќе има победнички крај.
Овој роденден нe беше гласен, го славев тивко, со солзи и со насмевка во исто време.
Не славев со гужва и музика,
славев во кревет, таму каде што животот не стави да бидеме најсилни.До мене, мојата најголема сила, мојот Роман.
Додека тој дуваше свеќички заедно со мене сфатив дека не секоја роденденска свеќичка се дува со леснотија, некои се дуваат со борба, со болка, со надеж и со љубов што нема граници.Во тој момент не посакав ништо за себе, само здравје, сила и уште многу вакви моменти заедно со мојот херој.
Животот ме научи дека родендените не се бројкa, туку доказ дека сме тука, дека издржуваме, дека паѓаме и пак стануваме.
Денес не славев само роденден. Славев живот, храброст и сила.
Ви благодарам на сите од срце за честитките, пораките и подароците.
Секоја ваша мисла ја чувствувам.
Секој збор ми дава сила.Ми давате надеж кога е најпотребна.
Овој роденден не е само мој, ова е роденден на љубовта што не се предава, на силата што не се крши и на вербата дека ќе победиме се што следува.