• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Фитнес

4 напредни вежби за затегнат стомак

16 ноември 2011, 11:45
  • cподели

Тенката половина и цврстиот стомак се клучните елементи на женствената силуета. За жал, тоа е и онаа област од телото која прва страда од заседнатиот начин на живот, стресот и нездравиот начин на исхрана.

За да го избегнете појавувањето на „гума“ околу стомакот, потребно е редовно да практикувате кардио вежби, но исто така и да ги активирате стомачните мускули со вежби за нивно зацврстување. Во продолжение ќе најдете 4 вежби кои претставуваат малку поголем предизвик, но затоа пак имаат и поголем ефект.

Напредна вежба за затегнат стомакНапредна вежба за затегнат стомакНапредна вежба за затегнат стомакНапредна вежба за затегнат стомак

Застанете во положба како за склекови, а потоа потпрете ги лактите на подот. Рацете треба да ви бидат на иста ширина со рамената, а дланките свиткани во тупаници и насочени една кон друга. Стегнете ги стомачните мускули за телото да ви биде во права линија (слика 1).

Подигнете ги колковите нагоре, задржете се во таа положба 2 секунди (слика 2), а потоа вратете се во првобитната положба.

Направете 8 повторувања. По пауза од 2-3 минути, направете уште една серија од 8 повторувања.

Легнете на подот, а рацете поставете ги покрај телото со дланките кон подот. Свиткајте го десното колено и поставете го десниот глужд над левото колено. Левата нога во текот на целата вежба треба да ви биде права. Користејќи ги стомачните мускули, подигнете ја левата нога и поставете ја дијагонално, под агол од 45° од подот (слика 1).

Стегнете ги стомачните мускули и подигнете ги нозете нагоре, така што колковите да ви се одлепат од подот (слика 2). Потоа спуштете ги колковите на подот и вратете ги нозете во дијагонална положба.

Повторете ја вежбата 8 пати.

Легнете на грб и свиткајте ги колената, така што стапалата да ви се потпираат на подот. Рацете поставете ги покрај телото со дланките на подот. Подигнете ја левата нога нагоре и стремете се да оформи агол од 90° во однос на подот (слика 1).

Притиснете со десната нога на подот и подигнете ги колковите нагоре. Телото треба да ви оформува права линија од рамената до колената (слика 2). Спуштете ги колковите надолу, колку само да го допрат подот, а потоа повторно подигнете ги.

Направете 8 повторувања со подигната лева нога и 8 со подигната десна нога.

Легнете на подот и поставете ги дланките зад главата. Подигнете ги главата и рамената од подот, а во исто време повлечете ги колената кон градите (слика 1).

Спуштете ги главата и рамената на подот додека ги исправувате нозете и ги поставувате дијагонално, под агол од 45° од подот (слика 2).

Во текот на целата вежба држете ги стомачните мускули многу стегнати. Повторете ја вежбата 10 пати, направете пауза од 1 минута, па продолжете со серија од 8 повторувања.

Tags
вежби
стомак
стомачни мускули

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Државна лотарија

    Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

    Thu, 01/08/2026 - 11:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.