• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„30 кг помалку – 30 причини повеќе да се гордеам со себе“: Шеф Никола си го трансформира изгледот за 100 дена

12 јуни 2025, 09:40
  • cподели

Никола Мишковски има со што да се гордее.

Македонскиот готвач, познат како шеф Никола од „Брза кујна“, си го трансформираше изгледот за 100 дена и резултатите ги објави на Instagram.

Тој успеал да симне 30 килограми и од 116 кг, својата тежина ја донесе на 86 кг.

Шеф Никола Шеф Никола

100 дена.

Од 116 кг на 86.2 кг.

30 килограми помалку – 30 причини повеќе да се гордеам со себе.

Ова не е само слабеење, ова е будење.

Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот.

Секоја утринска трка, секое „не“ на искушението, секоја капка пот – ме донесе до оваа верзија од себе.

Никој не веруваше. Ни јас, на почетокот.

Ама денес? Денес се гледа. Денес се чувствува.

Ако имаш цел, најди и причина.

Јас најдов моја. Сега е твој ред.“

Иако сите мислеа дека имам здраствени проблеми, на сите да ви кажам дека се чуствувам и сум здрав како никогаш до сега.

Никола споделуваше видеа од своите тренинзи и фитнес напредоци. Во опис на видео тој напиша:

Секоја капка пот е чекор поблиску до целта. Пред неколку месеци бев друг човек – истото тело, но без енергија, без сила, без самодоверба. Денес, не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот. Тешко е, да – ама секој ден што ќе се појавиш, секој тренинг, секој избор што го правиш… те гради. Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе. И уште не сум завршил. Дури сега започнувам. Големо БЛАГОДАРАМ ДО ЛУЃЕТО КОИ МЕ МОТИВИРАА
View this post on Instagram

A post shared by Nikola Mishkovski (@nikola_mishkovski)

Шеф Никола Шеф Никола Шеф Никола

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.