• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

21-годишниот фудбалер Виктор Боневски, за кого собираше средства цела Македонија, ја изгуби битката со ракот

18 август 2025, 11:25
  • cподели

Почина Виктор Боневски.

Младиот фудбалер, за кого се собираа средства за лекување, ја изгуби битката со ракот. Тажната вест ја потврди неговиот брат Даниел и фудбалската академија Њу Старс, во која Боневски беше член.

„Почивај во мир... бато мој“ – напиша Даниел на црно-белата фотографија на која позираат заедно.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на Виктор Боневски. ФК Њу Старс загуби свој член, наш фудбалер и дел од семејството. Со неговата љубов кон фудбалот, посветеност и другарство, Виктор остави неизбришлив белег во нашиот клуб. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите блиски. Нека споменот за Виктор остане засекогаш меѓу нас, а неговата добрина и спортски дух да бидат пример за идните генерации. Нека почива во мир“ – стои во објавата на академијата.

Виктор Боневски

На Виктор првпат му бил дијагностициран рак на тестиси на 17-годишна возраст, но подоцна ракот се појавил и на абдоменот и на неколку други органи. Тој беше принуден да го продолжи своето лекување во Турција, но бидејќи семејството ги немаше потребните средства, македонската јавност се обедини за да му помогне.

Апел за Виктор Боневски

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.