17 години подоцна: Каролина Гочева на пијано во домашна атмосфера ја изведе „Крај“ за да им се заблагодари на фановите
Некои песни се пеат многу години по нивното објавување. Таква е „Крај“ на Каролина Гочева која сè уште се пее 17 години подоцна.
За да им се заблагодари на фановите што повторно ја вратија во живот нејзината песна од 2009 година, македонската пејачка сними домашна Instagram верзија на истата. Во објавата, Каролина напиша:
Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот 🥰
И, иако немам TikTok, сепак ве следам 👀 и уживам во вашите видеа ❤️
Таа сподели и видеа кои ја инспирирале да ја сними домашната верзија.
Погледнете го спотот за „Крај“: