• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена

28 мај 2026, 13:03
  • cподели
Ден на менструалната хигиена

По повод Денот на менструалната хигиена, 28 мај, dm drogerie markt го продолжува проектот „Никогаш повеќе сама“ со фокус на едукација, отворен разговор и директна поддршка за младите девојки и студентки. Во текот на мај, Бести, најдобрата другарка, поддршка и глас на младите девојки во рамки на проектот, заедно со прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство и дел од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари - МАГО, ги посети студентките на три локации во Скопје, каде што беа организирани едукативни работилници посветени на менструалното здравје и хигиена.

Средбите се одржаа на шести мај во студентскиот дом „Гоце Делчев“, на седми мај во студентскиот дом „Пелагонија“ и на 12 мај во Студентскиот културен центар, со повеќе од 50 присутни студентки на секој настан. Работилниците беа осмислени како отворен разговор помеѓу Бести, прим. д-р Искра Дукова и присутните.

Ден на менструалната хигиена
Ден на менструалната хигиена

- Преку работилниците сакавме да создадеме безбеден и отворен простор во кој студентките ќе можат да добијат стручни информации и да постават прашања без непријатност или стигма. Бести е симбол на поддршка, блискост и разбирање, а со нејзиното физичко присуство ја зајакнуваме комуникацијата со младите и ја правиме темата за менструално здравје подостапна и поприродна за разговор - изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникација во dm.

Како дел од настаните, студентките имаа можност да дегустираат dmBio закуски и да добијат подароци, со што работилниците беа заокружени како едукативни, но и поддржувачки средби посветени на нивното здравје, информираност и секојдневна грижа.

По повод Денот на менструалната хигиена, dm подготви дополнителна активност и за купувачите. На 28 мај, во сите dm продавници, со сметка над 300 денари, секоја девојка и жена на каса ќе добие Jessa подарок. Со оваа активност, dm сака да ја поттикне свесноста за важноста на менструалната хигиена и да овозможи дополнителна поддршка при изборот на производи за секојдневна грижа.

Во рамки на проектот „Никогаш повеќе сама“, во текот на месецот се пласира и едукативен видеосеријал со Бести, посветен на теми поврзани со менструалното здравје, хигиената, митовите и табуата. Со тоа, пораките од работилниците продолжуваат да допираат до младите и преку дигитални канали, нудејќи информации во формат близок до нивните навики и секојдневие.

Иницијативата „Никогаш повеќе сама“ започна во октомври 2024 година, кога dm drogerie markt обезбеди бесплатен пристап до хигиенски влошки за студентките на државните факултети низ земјата преку поставување на повеќе од 220 диспанзери. Во текот на студентската 2024/2025 година беа донирани 230.000 поединечни Jessa влошки, во вредност од 1,8 милиони денари, а поддршката продолжува и во академската 2025/2026 година со повеќе од 320.000 дополнителни поединечни Jessa влошки, чија вредност надминува 1 милион денари, како и со засилени едукативни активности преку видеосеријал, панел-дискусии и други содржини посветени на менструалното здравје како важен дел од грижата за младите жени.

Ден на менструалната хигиена
Ден на менструалната хигиена
Ден на менструалната хигиена
Tags
dm
Никогаш повеќе сама

Најнови

  • „Борбата не е завршена…“ Северина потврди дека синот ќе живее со неа, ќе продолжи да се бори за сите мајки

    Thu, 05/28/2026 - 14:19
  • Тони Зен

    ВИДЕО: Спотот на Тони Зен за новата песна „Времето“

    Thu, 05/28/2026 - 14:06
  • „Посетата на пирамидите беше мој животен сон“: Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам на авантура во Египет

    Thu, 05/28/2026 - 14:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.