• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

15-годишниот херој Михаил од Битола кој спаси семејство од давење во Грција на прием кај градоначалникот

17 септември 2026, 14:43
  • cподели

Приказната за младиот херој Михаил Николовски, кој спаси тричлено семејство од давење во Грција, деновиве го обиколи Балканот. Вчера, тој беше и официјално примен во кабинетот на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој му оддаде признание за неговиот храбар потег.

15-годишниот битолчанец се соочил со вистинска драма во разбрануваното море на една од грчките плажи. Кога слушнал повик за спасување, тој без двоумење влегол во водата и успеал да ги спаси и извлече мајката, детето и таткото кои се бореле со силните морски бранови.

Градоначалникот Коњановски му честиташе за херојскиот чин и му посака многу успех во натамошното образование, порачувајќи дека Битола е неизмерно горда на младиот спасител.

„Денеска во мојот кабинет имав чест да се сретнам со младиот херој битолчанецот Михаил Николовски кој беше спасител на тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи.

Тој раскажа дека вистинска драма се случувала кога слушнал повик за спасување и без двоумење влегол во морето и според кажаното успеал да ги спаси и извлече жената, детето и таткото кои се бореле со морските бранови.

Му честитав за храбриот потег на спасување и му посакав многу успех во неговото образование.

Битола е горда со младиот спасител, приказна која го обиколи Балканот“ - стои во објавата на Коњановски.

Објавата на Градоначалникот ја сподели Јасна, мајката на Михаил, и напиша:

„Сине мој,

Само ние знаеме колку товар носиш на твоите млади плеќи. Само ние знаеме колку храбро срце и мудар ум имаш. Само Господ знае каде ќе те однесе патот. Само знај, мама секогаш е горда на тебе, секогаш ќе ти го чувам грбот, ќе те сакам во оваа и во било која друга димензија. 

Господ нека е со тебе🤍“

Tags
Михаил Николовски

Најнови

  • 15-годишниот херој Михаил од Битола кој спаси семејство од давење во Грција на прием кај градоначалникот

    Thu, 09/17/2026 - 14:43
  • Симона Николова

    „Професорка ме нарекуваше 'желка' кога ме гледаше како одам покрај ѕид“: Симона од Скопје за животот со ретка болест

    Thu, 09/17/2026 - 12:42
  • Трагедија во Венеција: Млад брачен пар кој го очекувал првото дете загина при судир со такси на вода

    Thu, 09/17/2026 - 12:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.