• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Никој не реагираше, само Михаил скокна“: 15-годишен битолчанец херојски спаси дете, мајка и татко во Грција

9 септември 2026, 10:40
  • cподели

Наместо безгрижен летен ден на плажа, едно семејство од Бугарија за малку ќе доживеело вистинска трагедија во Олимпијада. Силните бранови ги одвлекувале мајката, таткото и детето сè подалеку од брегот, а во моментите кога жената во паника почнала да повикува за помош, од целата плажа реагирал само еден човек – битолчанецот Михаил Николовски.

15-годишното момче без двоумење влегло во разбрануваното море и започнало да го спасува семејството. Најпрво ја извлекло жената, потоа се вратило по детето, а на крај успеало да го извлече и таткото, кој веќе ја губел силата.

За драматичните моменти сведочи и неговата мајка Јасна, која била на плажата. За Фемина, таа раскажува дека сè започнало сосема ненадејно.

„Нормално си бевме во водата. Син ми беше со мојата пријателка, а јас малку подалеку од нив, но сепак, да речам во плиткото. Нормален летен ден на плажа, но морето беше доста разбранувано. Одненадеж една жена почна да извикува „Помош” буквално „Помош”. Се свртивме кон нив, таа држеше перниче и заедно со детето се држеа за мажот. Сè изгледаше нормално, па не сфативме сериозно.“ - вели таа.

Нејзината пријателка Елена, која била веднаш до Михаил, сфатила дека ситуацијата е сериозна и почнала да повикува за помош. Михаил погледнал околу себе и забележал дека никој не реагира.

„Михаил само се заврти наоколу и виде дека никој не реагира и веднаш скокна пливајќи до жената која беше пребледена и ја извлече до плиткото и ѝ ја предаде на пријателката Елена. Жената панично го бараше детето, Михаил се врати во водата и го извлече и детето“ - раскажува гордата мајка.

Но, драмата сè уште не била завршена.

Битолчанката во тој момент забележала дека таткото почнува да тоне и тргнала кон него за да му помогне: 

„Јас кога видов дека син ми ‘игра’ опасна игра, се упатив кон таткото, кој почна да ми потонува пред очите. Му подадов рака да го извлечам, но ме повлече надолу и мене. Одеднаш ја кренав главата над вода и видов дека син ми го вади и таткото надвор.“

Дури откако сите биле безбедни на брегот, семејството објаснило што всушност се случувало. Жената не знаела да плива, па заедно со детето се држеле за мажот. Но, силните бранови ги носеле сè подалеку, додека таткото веќе почнал да ја губи силата.

Во моментите на спасувањето, нивната пријателка извикала: „Браво, Мики!“, па неговото име набрзо го знаела целата плажа. Луѓето со голем аплауз го поздравиле храбриот потег на момчето.

По драмата, семејството од Бугарија сакало да се запознае со Михаил и неговите блиски и да им се заблагодари. Ги поканиле во кафеана, каде што, како што раскажува Јасна, разговорот продолжил како сите да се познаваат со години.

„Толку разговаравме како цел живот да се знаеме, а не направивме ниедна заедничка слика.“ - вели таа.

Но, најемотивниот момент следувал подоцна истата вечер. Жената им испратила порака во која им се заблагодарила за спасувањето.

„Ни напиша дека за Бугарите денот е Мала Богородица и дека биле во црква да се помолат за нас. Ни кажа дека ни се бескрајно благодарни и дека секогаш ќе бидат наши пријатели“ - открива Николовска.

За неа, овој ден ќе остане запаметен не само по херојскиот чин на Михаил, туку и по бескрајната среќа и гордост која што ја почувствувала, гледајќи во каков човек израснал нејзиниот син.

Даница Караташова Илиоска

Tags
спасување

Најнови

  • „Никој не реагираше, само Михаил скокна“: 15-годишен битолчанец херојски спаси дете, мајка и татко во Грција

    Wed, 09/09/2026 - 10:40
  • Сестрата на Тоше Проески на одмор со пораснатите синови Никола и Кристијан, кој сподели песна од нашиот ангел за Денот на независноста

    Wed, 09/09/2026 - 10:08
  • Трагедија: Почина 22-годишната Мис Австрија, од раѓање се борела со тешка срцева маана и поминала низ 7 операции

    Wed, 09/09/2026 - 09:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.