14-годишната ќерка на Мики и Светлана Црнокрак со две други Македонки меѓу најубавите тинејџерки на Мис на Галаксијата
Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак заедно со уште две други девојчиња од Македонија беа учеснички на натпревар за убавина во Република Бугарија и доминираа во своите категории.
14-годишната Нина Црнокрак беше Grand Prix победничка во pre-teen категоријата, додека кај тинејџерките доминираа 16-годишната Лина Настевска и 15-годишната Ангела Ваневска.
Настанот се одржуваше во Банско, а трите девојки блеснаа во раскошни креации.
Тие позираа и со бугарскиот модел Ирина Папазова, која за нив напиша: „Убавите македонски девојчиња“.