• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

1.200 ученици во Бутел го формираа најголемото македонско знаме, додека Андријана Јаневска ја пееше химната

4 декември 2024, 13:58
  • cподели

Околу 1.200 ученици учествуваа во формирањето на најголемото македонско знаме.

Учениците се обединија во Општина Бутел и го „формираа Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството“. Оваа вест ја сподели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, велејќи дека треба да ги зачуваме нашите вредности.

Пејачката Андријана Јаневска ја изведе македонската химна.

Македонското знаме Македонското знаме Македонското знаме

Еве ја објавата на Костовски:

ЦРВЕНО ЖОЛТ БУТЕЛ

НАД 1.200 УЧЕНИЦИ ГО ФОРМИРАА НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ!

Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!

Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна!

Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности.

Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија.

Овој чин нѐ прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.

Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент.

Македонија вечна!

Македонското знаме Македонското знаме Македонското знаме Македонското знаме Македонското знаме Македонското знаме Македонското знаме

ФОТО: Facebook/ Дарко Костовски

Најнови

  • По шест години борба со неплодност, пар ја слушна срцевата акција на своите две бебиња во „Плодност“

    Tue, 06/16/2026 - 13:43
  • Даница Левкова

    Ораторката Даница Левкова со моќен говор: „Инспекторе, внукот на сестра ми поткачил девојче. Ако може да ја нема таа пријава, ќе частам“

    Tue, 06/16/2026 - 12:45
  • Амалфи, Капри, Соренто... Стефан од Next Time со сопругата Тинеа на авантуристичко патување низ Италија

    Tue, 06/16/2026 - 11:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.