• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Брак

12 знаци дека сте подготвени за брак

10 јуни 2014, 12:49
  • cподели

Изговарањето на судбоносното „Да“ е голем настан и почеток на сосема ново поглавје од животот. Одлуката за стапување во брак не е лесна и значи збогување со живот кој гравитира околу сопствените желби, цели и потреби и ракување со живот кој бара од секој „учесник“ подготвеност за компромиси, жртвување и негување на доживотна и безусловна љубов.

Брак

Се прашувате дали сте подготвени за тој голем чекор? Можеби следниве знаци ќе ве убедат дека нема причина за страв и паника:

  1. Планирате брак, а не свадба. Гледате многу подалеку од свадбениот ден, затоа што знаете дека свадбата трае само неколку часа, а идејата на бракот е да трае до крајот на животот. Свесни сте дека свадбата е само свечен влез во доживотно партнерство.
  2. Веќе подолго време не ви минало низ главата дека пропуштате нешто подобро. Кога сте со избраникот, имате сѐ што ви е потребно за да бидете среќни и не чувствувате празнина која треба да се пополни.
  3. Имате иста визија за иднината. Кога ги замислувате вашите професии, бројот на деца, па дури и домашниот миленик, најголемиот дел од вашата слика за иднината се совпаѓа со онаа на партнерот. Не мора да се откажувате од своите соништа за совршено да функционира врската која ја градите. Пред да скокнете во тавче, дискутирајте за важните животни прашања – дали ќе живеете сами или со неговите родители, дали сакате куќа или стан, колку деца сакате да имате, колку ќе им дозволувате на вашите родители да ви се мешаат во животот и колку ќе споделувате со нив... Ако за тие прашања сте на иста фреквенција, тогаш брачниот живот не треба да ве плаши.
  4. Подготвени сте на „заеднички буџет“. Не ви пречи да ги делите финансиските средства со кои располагате (макар и само дел од нив) со друга личност.
  5. Довербата е вгнездена во вашата врска. Ниту една врска не може да преживее во отсуство на доверба. Особено кога станува збор за брачни односи и создавање на семејство, довербата е клучен елемент.
  6. Кога правите компромис, не се чувствувате како поразени. Кога сте со вистинската личност, чувствувате дека постигнувањето на компромис е успех, а не пораз.
  7. Не очекувате дека бракот ќе го промени него, а тој не очекува дека бракот ќе ве промени вас. Брачната заедница нема сила да промени некој што не сака да биде променет. Бракот ги менува само луѓето кои сакаат да еволуираат и да згазнат на ново скалило во животот, но тоа се случуваа постепено.
  8. Не ги криете своите несовршености пред него. Знаете дека личноста до вас ве сака токму онакви какви што сте, со сите ваши стрии, килограми, физички несовршености и маани.
  9. Последната страсна ноќ која и сега ви го растреперува срцето беше неодамна. Да, сексот не е најважен за долг и среќен брак, но е навистина значајно парче од сложувалката. Ако ви е тешко да се сетите на последната страсна ноќ со саканиот, тоа значи дека таа се случила многу одамна.
  10. Не го користите бракот за решавање на друг проблем. Бракот не го гледате како излез од лош дом, како бизнис партнерство кое ќе ви ја подобри финансиската состојба или како метод за да го смирите партнерот и од него да направите семеен човек.
  11. Го прифаќате неговото семејство како свое. Кога ќе се омажите, автоматски го прифаќате и негово семејство. Вие сте свесни дека ќе ги наследите обврските, стресовите и се разбира придобивките од едно цело ново семејство и немате ништо против тоа.
  12. Сигурни сте дека вашиот партнер ќе биде добар татко на вашите деца.
Tags
брак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.