• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

12-годишниот Виктор од Србија хекла по една плетка за секој нов следбеник, за 2 недели стана интернет сензација

24 април 2026, 14:39
  • cподели
Виктор Митиќ

Виктор Митиќ од Јагодина стана вистинска интернет сензација откако започна уникатен предизвик – да исплете по една плетка за секој нов следбеник на својот профил на Инстаграм.

Првиот ден започна симболично, без ниту една плетка, бидејќи немаше следбеници. Веќе вториот ден, бројката порасна на 13, а третиот ден неговото видео стана вирално и му донесе огромна популарност. Само за 12 дена, Виктор собра над 400.000 следбеници и доби шанса да го оствари својот сон – да го изработи најголемиот хеклан килим во Србија.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Heklač Viktorrrr (@panda.42987711)

На 13-тиот ден од предизвикот, 12-годишното момче веќе има изработено околу 68.000 плетки и секојдневно ги информира своите следбеници за напредокот, искрено заблагодарувајќи се за поддршката. „Има уште многу работа“, вели тој.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Heklač Viktorrrr (@panda.42987711)

 

Љубовта кон хеклањето ја наследил од својата баба, а дополнително се усовршувал преку видеа на YouTube. За неговата ненадејна популарност вели дека реакциите од врсниците се поделени, некои го поддржуваат, додека други го исмеваат, но тој не планира да се откаже.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Heklač Viktorrrr (@panda.42987711)

Виктор најавува дека во иднина ќе споделува и туторијали за хеклање, со цел да ги инспирира и другите да научат нешто ново и да го засакаат неговото омилено хоби.

Во интервју за „Хајп“, младиот феномен истакнува дека славата не го променила и дека останал истото скромно и воспитано момче. Неговите соништа се големи, кога ќе порасне, сака да стане свештеник, но и моден креатор.

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.