• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„12“ е неверојатна шлаканица за многу режисери, велат актерите од МНТ во новата сезона на „Еден на Еден“

1 ноември 2024, 09:30
  • cподели

Дел од врвната екипа на актери собрани за новата претстава на Синиша Евтимов во МНТ ќе ја отворат новата, 16-та по ред, сезона на „Еден на Еден“.

Тони Михајловски, Сашко Коцев, Јордан Симонов и Гораст Цветковски, заедно со режисерот, ќе зборуваат за „12“, претставата во која покрај нив ќе ги гледаме и Никола Ристаноски, Владо Јовановски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски и Александар Микиќ.

Еден на еден

„Оваа претстава е чист пример за тоа што МНТ пропуштал во изминатите 15-20 години и е неверојатна шлаканица за многу режисери“ - смета Михајловски, кој се согласува со Симонов дека за да се собере ваква екипа беше потребна храброст за да се надминат предрасудите.

Еден на еден

Коцев вели дека екипата е темпирана бомба и најточниот кастинг направен за една претстава досега.

Еден на еден

Ќе слушаме и за тоа како изгледаат пробите, дружбите пред и после нив, партитурата која ја создаваат, како и за многу останати теми кои опуштено може да се зборуваат само во „Еден на Еден“.

Видео:

Жарко Димитриоски и сезона 16 од „Еден на Еден“ и годинава ќе ги гледате секоја недела од 18:30 на Канал 5 и на јутјуб-каналот на емисијата, каде што ќе можете екслузивно да ги гледате целосните разговори од гостувањата, а дополнотелно за оние кои повеќе сакаат да слушаат отколку да гледааат емисиите ќе ги најдете на Spotify и Apple podcast платформите.

Еден на еден Еден на еден Еден на еден

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.