• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Љубовни врски

11 причини зошто жените ги посакуваат лошите момци

19 април 2011, 11:10
  • cподели

Повеќето жени барем еднаш во животот налетале на лошо момче, а добар дел од нив не успеале да му одолеат на шармот и подоцна зажалиле. Лошите момци се арогантни, себични, посесивни, не се грижат за ништо, избегнуваат емотивна поврзаност, ги прекршуваат правилата, ги потценуваат и понижуваат луѓето околу себе... едноставно се лоши. Но, што е тоа кај нив што ги привлекува жените?

Самоуверен мажЛошите момци се привлечни затоа што зрачат со самодоверба и затоа што се мистериозни и непредвидливи
  1. Лошите момци се лек за здодевност. Секогаш се случува нешто околу нив, секогаш се вмешани во некоја напната ситуација. Од лошите момци никогаш нема да чуете „Имам испит, треба да учам“, тие се секогаш спремни за акција. Жените често „паѓаат“ на вакви типови откако ќе излезат од долга врска во која им било досадно.
  2. Лошите момци се возбудливи и непредвидливи. Можете да предвидите дека добриот тип ќе ве однесе на романтична вечера, но никогаш не можете да знаете каде ќе завршите со лошиот тип (на тајна луда забава во планинска вила или на забава во соседниот град). Многу жени ја обожаваат возбудата и дозата на опасност што им ја носат лошите момци.
  3. Лошите момци не се движат по правилата, туку ги пишуваат правилата. За нив не важи знакот за ограничување на брзината, не важи правилото да не се вози под дејство на алкохол, не постои такво нешто како сигурносен појас. Нивниот став „Не ми е гајле за ништо“ делува опасно, а опасноста може да дејствува како афродизијак.
  4. Лошите момци се мистериозни. Мистериозноста привлекува како силен магнет, а на лошите момци таа им е адут за освојување на жените. Лошите момци се мистериозни во однос на она што им се случува секојдневно, но исто така и за своите чувства, а научно докажано е дека жените повеќе се интересираат за оние мажи од кои не добиваат јасни сигнали дали ги посакуваат или не. Лошите типови создаваат илузија дека имаат темна страна или тајна која никој не може да ја открие.
  5. Лошите момци се доминантни и заштитнички. Уште од праисторијата мажите ги заштитувале жените, па претставничките на понежниот пол сакаат да се чувствуваат сигурни и заштитени кога се со својот партнер. Лошите момци оставаат впечаток дека знаат како да ја заштитат жената до себе, па затоа не е чудно што многу жени завршуваат во нивната прегратка.
  6. Лошите момци го „хранат“ бунтовничкиот дух. Секој поседува бунтовнички дух, а лошите момци се експертите кои најбрзо знаат да го извадат на површина. Тие како никој друг можат да направат да сакате да лудувате и да соберете сила бунтовнички да им се спротивставите на сите околу вас.
  7. Лошите момци се самоуверени. Жените не се привлечени од самиот факт што лошите момци се однесуваат лошо, туку од тоа што зрачат со мажествена енергија и голема самоувереност. Самоувереноста е секси и делува како магнет и за мажите и за жените.
  8. Лошите момци знаат цврсто да кажат „не“. Добрите момци често се манипулирани од жените, т.е. жените кај нив многу полесно можат да го добијат она што го сакаат. Некои можеби ќе се изненадат или ќе спротивстават на ова, но жените ги привлекуваат мажи кои знаат да кажат „Не“, „Доволно беше“, „Прекини веќе со тоа“.
  9. Лошите момци се упорни кога сакаат да освојат жена. Лошиот тип никогаш нема да стои срамежливо на шанкот премислувајќи се 100 пати дали да ѝ пријде на привлечната убавица што стои 2 метри до него. Тој станува и дејствува. А кога таа сака да го откачи, тој не се откажува лесно и настојува додека не слушне „Да“. Жените сакаат да бидат „ловени“ и освојувани.
  10. Лошите момци се предизвик. Советите како „Немој да одиш со него, ќе ти го скрши срцето“, некои жени ги сфаќаат како предизвик. Во нив се раѓа желба да им докажат на сите дека не се во право и трчаат директно во рацете на лошите момци. Жените се грижливи по природа и сметаат дека можат да ги променат лошите момци и да ги донесат на вистинскиот пат. Некои жени во лошите момци гледаат проблематична личност, па предизвик им е да ги преобразат.
  11. Лошите момци се забрането овошје. Колку повеќе совети добива една жена да стои подалеку од одредена личност, толку повеќе се интересира да дознае зошто. Па, така многу жени тргнуваат сами да дознаат што е толку лошо кај овие момци. А во случај кога од родителите доаѓа стриктна забрана за излегување со одреден лош тип, желбата да се има забранетото овошје уште повеќе се зголемува.

Лошите момци се забавни една вечер, но не се забавни кога ја планирате иднината со нив. Тие се привлечни додека жената не увиди дека нивните лоши особини се значително побројни отколку добрите.

Идеалниот маж е некаде на средината помеѓу лош и добар. Но, кој е совршен? Пронајдете таков кој се обидува да биде.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.