Вчера погледите на милиони лица низ светот беа насочени кон небото поради два космички спектакли. Целосното затемнување на Сонцето не можеше да се набљудува од Македонија, но затоа пак уживавме во кулминацијата на метеорскиот дожд Персеиди.
Во периодот од полноќ до раните утрински часови условите беа најповолни за набљудување, а на места со темно и ведро небо можеа да се забележат и до 100 метеори на час. Нивните кратки светлечки траги го пресекуваа ноќното небо, а дел од глетката беше овековечена и со фотографии и видеа кои се споделуваа на социјалните мрежи.
Голем интерес за небесниот феномен имаше и меѓу скопјани. Многумина решија градските светла да ги заменат со темнината во околината на Козјак, каде условите за набљудување беа значително подобри. Интересот беше толку голем што на патот кон Козјак се создадоа долги колони од возила.
Фотографиите и видеата кои осамнаа на социјалните мрежи доловија дел од атмосферата и светлечките траги што Персеидите ги оставаа на августовското небо.