• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

1 на 70 милиони: Мајка се изненадила кога дознала дека е бремена со два пара идентични близнаци

8 јули 2022, 12:03
  • cподели

Мајка останала со подзината уста кога за време на преглед со ултразвук дознала дека носи четири бебиња во својата утроба.

Но, изненадувањата за Ешли Нес не запреле на веста дека ќе има четворка. Докторката ѝ кажала дека таа носи два пара идентични близнаци, нешто што се случува многу, многу ретко.

Ешли Нес Ешли Нес

Во интервју, 35-годишната фризерка рекла дека е почестена што ѝ се случува нешто толку ретко и додала дека само една на секои 70 милиони жени природно зачнува со два пара идентични близнаци, како неа.

„Буквално седев таму додека таа сè уште ме прегледуваше и се прашував како ќе го направам ова“ – рекла Ешли, која има една ќерка од претходна врска и се грижи за две од трите деца на нејзиното момче.

Ешли Нес Ешли Нес

Бидејќи претходно се борела со неплодност и имала четири спонтани абортуси додека се обидувала повторно да зачне, Ешли мислела дека никогаш повеќе нема да носи живот во себе. Но, животот имал други планови за неа и таа природно забременила со четири бебиња.

„Многу тешко забременив со ќерка ми и имав спонтани абортуси во минатото. Па мислам дека е неверојатно што сум благословена со нешто толку големо.“

„На некој начин прифатив дека сум благословена само со едно дете и ги гледав неговите деца како да се мои. Мислев дека животот ми е комплетен и никогаш не очекував дека ќе имам уште деца. Веста дојде како голем шок“ – открила таа.

Ешли Нес Ешли Нес Ешли Нес

И покрај шокот, Нес била пресреќна кога дознала дека ќе има еден пар женски и еден пар машки близнаци.

„Тоа навистина беше благослов по благослов. Си реков дека нема да ги распознавам, дека ќе заборавам кој е кој, дека ќе ми прават трикови. Ова ќе биде лудо. Едвај чекам да видам колку се идентични“ – рекла таа.

Ешли Нес Ешли Нес
Tags
близнаци

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.