Почетна » Новости » Промо » Супата како идеален сојузник на организмот

Супата како идеален сојузник на организмот

Живееме во време кога грижата за имунитет е приоритет, а правилната исхрана, редовната хидратација, физичката активност и внесот на витамини се дел од нашето секојдневие. Грижата за секојдневните проблеми, неправилната исхрана, заморот и исцрпеноста неповолно влијаат на нормалното функционирање на нашиот имунолошки систем. Во тие моменти потребно е повеќе внимание да посветиме на внесот на витамини и минерали, за да му помогнеме на телото да го зајакне имунитетот.

Со доаѓањето на ладното време, пристигнува и периодот на настинки и вируси, кога е потребно да се заштити организмот. Намирници кои се богати со витамини и минерали, а кои исто така се и познати по своите антиинфламаторни и антибактериски карактеристики, како што се ѓумбирот, куркумата, лукот или црниот ким, потребно е да се вклучат во исхрана. Исто така, и супата е одличен сојузник кој ќе му помогне на телото да го зајакне имунитетот и ќе ги обезбеди минералите и витамините кои ги носи во себе, но и ќе нe затопли. Кога оброкот започнува со супа, стомакот се загрева и опушта, а тоа поволно влијае на организмот. Водата како нејзина главна состојка, пак ги храни клетките на организмот и ја одржува кожата свежа. Во последно време расте трендот во кој супата е самостоен оброк, затоа што во комбинација со повеќе состојки се добива сосема избалансиран оброк со пониска калориска вредност (токму поради содржината на вода во нив) и научно е докажано дека доколку оброкот го започнеме со супа, го намалуваме количеството на храна, во следниот внес на јадења, за 20 проценти.

Супа

Супата како оброк прави добар баланс на јаглехидрати и протеини, обезбедува енергија, го зголемува вкупниот внес на вода во текот на денот, го забрзува варењето и може лесно да се подготви. Во недостаток на време, поради забрзаниот начин на живеење, MAGGI Супер Супите може да бидат добра замена задомашната супа, затоа што содржат хранливи состојки и брзо се подготвуваат. Покрај добро познатите состојки, како што се брокула, карфиол, морков, компир, MAGGI Супер Супите се збогатени со витамините Ц, Б6 и Б12 и имаат додаток на спанаќ, куркума и ѓумбир кои пак, имаат позитивни ефекти на организмот како што е и антиоксидативното дејство. Со внесот на витамините придонесуваме за нормална функција на имунолошкиот систем и за намалување на заморот и исцрпеноста, a MAGGI Супер Супите збогатени со витамини можат да бидат добар избор за избалансиран оброк со едноставна и брза подготовка.

Вкусната супа како добар почеток на секој оброк ќе обезбеди течност и хранливост во форма која организмот најдобро ја апсорбира и со самото тоа е идеален сојузик при одржување на витката линија. За практични совети, трикови и идеи како од супата да направите лесен оброк и уште многу прекрасни рецепти, посетете ја веб страницата Maggi.mk и тргнете во нова кулинарска авантура.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.