Почетна » Новости » Промо » Ново признание за ВИТАЛИА: престижниот сертификат „Фер со потрошувачот“

Ново признание за ВИТАЛИА: престижниот сертификат „Фер со потрошувачот“

Виталиа се стекна со сертификатот „Фер со потрошувачот“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Виталиа е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.

Виталиа

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Виталиа кон процесот на сертификација. Тоа значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификат – ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на Виталиа да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на нивната доверба и задоволство. Виталиа претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на веб страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании“ – изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност,инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

„Нашиот најголем успех е задоволството и лојалноста на нашите ценети потрошувачи. „Нашите потрошувачи се наша инспирација“ е мотото на Виталиа од самиот почеток во сите сегменти на работењето. Навистина се радуваме кога потрошувачите ја препознаваат нашата посветеност за задоволување на нивните нутритивни потреби и очекувања. Претставува уште поголема чест кога и институции како што е ОПМ, кои имаат долготрајно искуство во заштита на правата на потрошувачите, ги препознаваат нашите вложувања и вредностите на кои се темели брендот“ – изјави Оливера Ѓорѓиоска, менаџер за продажба за Македонија.

Виталиа останува доследна на својата мисија и визија, повеќе од 27 години создавање здрава храна за здрави генерации.

Виталиа

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.