Почетна » Новости » Промо » Како да ја негувате проблематичната кожа склона кон акни?

Како да ја негувате проблематичната кожа склона кон акни?

Иако се смета дека акните се карактеристични за пубертетот и младата возраст, тоа е исто така значаен проблем за многу возрасни. Освен што е една од најчестите хронични воспалителни заболувања на кожата кај возрасните, акните се 8-та најчеста болест во светот. Околу 9% од сите луѓе страдаат од некоја форма на акни, а 70% од пациентите се млади машки особи. Акните започнуваат околу 12-тата година, но симптомите може да траат до и над 25-тата година, со зголемена фреквенција кај жените во оваа возрасна група. Во над 10% од случаите, акните продолжуваат кај жените во средна возраст – доцни акни.

Eucerin

Сериозноста на акните не е одредена само од бројот и засегнатата површина. Дури и комедоните можат да остават лузни. Раниот и ефикасен третман штити од трајни последици. Сериозно оштетување на кожата можат да предизвикаат не само цистичните акни, туку и несоодветен и премногу агресивен третман на полесни форми. Тешките акни, нелекувани до моментот, може да не реагираат на гелови што содржат агресивни состојки достапни без рецепт и со рецепт, да бидат тешки за лекување и да бараат сеопфатен пристап за лекување.

Се разбира дека и фармацевтите можат да дадат совет. Чести се и консултациите во аптеките.

Но ако за околу 6 седмици не е постигнато подобрување на состојбата, се препорачува особата засегната со акни да појде на преглед кај лекар и да се постави правилна дијагноза. Исто и кога пациентот не е сигурен дали има акни, например ако никогаш до тогаш немал. Други дијагнози како розацеа, периорален дерматитис, фоликулитис, медикаментозни реакции, болести на метаболизмот, може да имаат слична клиничка слика. Некои хормони и лекарства можат да предизвикаат осип сличен на акни.

Ако и покрај негата акните се влошуваат и ако се формираат цисти и нодули, совет од дерматолог ќего скрати времетоза лекување пред да се појават трајни последици.

Акните се заболување коешто може да влијае на социјалниот живот, самодовербата и да ја отклучи склоноста кон депресии и анксиозност. Тоа не е само физичко заболување.

Акните се најчестото заболување на кожата и затоа се сметаат за нормален дел од развојот за време на пубертетот. Заради нивното често присуство кај младите, некогаш е потценето нивното сериозно влијание што може да го имаат врз квалитетот на животот на младата личност на училиште или во општеството. Тоа предизвикува социјални, физиолошки и емоционални проблеми слични на оние при хроничните здравствени проблеми. Акните сами по себе предизвикуваат стрес, недостаток на доверба и го нарушуваат општествениот живот.

Eucerin

Психолошките фактори можат да играат значајна улога кај акните. Емоционалниот стрес сам по себе може да ги влоши акните. Самата состојба може да предизвика фобии, ниска самодоверба, депресија. Менталните болести како што се опсесивно-компулсивно растројство и психоза, анорексија, може да се кријат позади поплаките фокусирани на акните.

Дури и лесните форми на акни може да бидат непријатни и засрамувачки. Психолошките и социјалните влијанија кај пациентите со акни може да бидат голем проблем, особено затоа што засегнатите се во клучен период кога се развива нивната личност. Во овој период многу е важно тинејџерот да биде прифатен од врсниците, што е силно поврзано со физичкиот изглед и привлечноста.

Некои избегнуваат контакт со очи, пуштаат долга коса за да го покријат лицето, нанесуваат тешка шминка, ги ограничуваат спортовите како пливање кога проблемот е на телото. Постојат потешкотии во комуникацијата со спротивниот пол, несигурност, срамежливост во училишните перформанси, ограничен избор на професија, хоби, грижи за интервјуа.

Акните се манифестираат со лесна форма на невоспалителни промени - комедони отворени и затворени, потешка форма со воспалителни промени - папули и пустули и тешка форма - цистични и нодуларни болни промени.

Некои пациенти со многу лесна форма на клиничката слика се убедени во сериозноста, па дури и во отсуство на осип сметаат дека имаат тешки акни и развиваат манифестации опишани како погоре.

Често последица на воспалителните дерматози е промена на бојата на кожата на местото на воспалителните промени, наречена постинфламаторна хиперпигментација. Тоа се должи на акумулација на меланин во кератиноцитите и варира во интензитет. Воспалителните процеси во епидермисот го стимулираат производството на пигмент од меланоцити и го пренесуваат на кератиноцитите во епидермисот. Обично се појавува на места изложени на УВ зрачење. Се смета за привремена промена и може да се спречи со редовна употреба на креми за заштита од сонце.

Лекувањето е тежок процес кој трае од 6 до 12 месеци, додека не се постигнат посакуваните резултати.

Површинските промени се третираат со средства за депигментирање за локална употреба - хидрохинон, азелаична, коична, аскорбинска киселина, трихлороцетна, гликолна киселина, ретиноиди. Некои од овие состојки при неправилно нанесување или во неправилна концентрација, можат да предизвикаат иритација и тоа да даде спротивен резултат од очекуваниот - зголемување на пигментацијата. Тие влијаат на промените во површинските епидермални слоеви, но не секогаш достигнуваат до подлабоките слоеви на кожата.

Хемискиот пилинг го отстранува најповршниот слој на кожата и го открива основниот помазен и тонизиран слој. Ласерски пилинг и микродермоабразија се методи коишто влијаатна подлабоките промени.

Иновација за третман на постинфламаторна хиперпигментација е Thiamidol.

За средна кон длабока пигментација, за локална употреба со многу добар ефект се производите коишто содржат Thiamidol. Тој е најмоќниот инхибитор на човечката тирозиназа, ензим одговорен за синтеза на меланинот. Делува на првото и основно ниво – производството на меланин. Производ е на 10-годишни проучувања. Многу компаративни проучувања ја докажуваат неговата ефикасност, во споредба со хидрохинон 4%.

Eucerin

Правилната нега на кожата е важен дел од лечењето на акните и го превенира појавувањето на последиците на воспалителните процеси.

Важно е редовно да ја чистите кожата од вишокот на себум и нечистотии, со производ за секојдневна употреба што не содржи сапун и мириси.

Тонизирањето е со производ којги отвора порите, без да ја суши и иритира кожата - тоник или мицеларна вода.

При затворени лојни жлезди и многу комедони, се препорачува да се користи ексфолијант.

Мрсната кожа се чисти со производи со салицилна киселина, а сувата и комбинирана кожа со препарати без киселини.

Како резултат на активен третман, важно е да се одржи нивото на хидратација на кожата, за да се контролира сувоста. Кожата е мат, но станува посува и почувствителна, така што дел од негата се производи за хидратација и интензивна смирувачка нега.

Во случај на многу мрсна кожа и црвенило, се применува специфична нега – матирачки крем-флуид. Тој содржи салицилна киселина којашто има кератолитичко дејство, ги намалува комедоните и има антибактериско дејство, а во комбинација со гликолна киселина има подмладувачки ефект и ги подобрува воспалителните осипи.

Во тек на денот независно од сезоната, задолжителна е заштита од сонце, бидејќи кожата е почувствителна кон него и има ризик од иритации и пигментации. За акнеична кожа се погодни гел-крем или крем-флуид лесни формули, коишто брзо се апсорбираат и даваат мат-ефект.

Акните се состојба која може да се лекува и навремените мерки се многу важни за успешно справување со нив и за превенција на постинфламаторни дамки. Навременото лечење е најдобрата превенција на трајните последици.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11835 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.