Почетна » Новости » Промо » Збогум на сува и атопична кожа со бариерна маст од македонски бренд за висококвалитетна козметика

Збогум на сува и атопична кожа со бариерна маст од македонски бренд за висококвалитетна козметика

Сувата и оштетена кожа настанува кога кожата не задржува доволно влажност и е екстремно чест проблем со кој сите се имаат соочено во одреден период од животот. Независно дали фактор за појавата е ладно време, често туширање, употреба на силни сапуни и средства за дезинфекција, стареењето, гените или конкретна медицинска состојба, сувата кожа е непосакувана и поттикнува потрага по ефикасно решение.

Македонскиот бренд за висококвалитетна козметика INSTITUTE формулира идеален сојузник во борбата со сува и атопична кожа. Станува збор за филагрин протект®, иновативна бариерна маст, која содржи поголема концентрација глицерол во својот состав. Глицеролот овозможува ефикасна хидратација на кожата, обезбедува нега и заштита од прекумерна сувост и оштетување. Eдинствена е на пазарот без вода, без конзерванси, без бои и без мириси, безбедна за употреба кај бебиња и деца.

Филагрин протект

За кого е наменета и како се користи филагрин протект®?

Филагрин протект® не содржи конзерванси, бои и мириси и сите пропратни компоненти во неа се нетоксични и за човековиот организам и за животната средина. Токму затоа, таа е погодна за секого, дури и за бебиња.

Се препорачува при:

  • Атопична кожа
  • Чувствителна, многу сува и оштетена кожа
  • Кожа склона на иритација и јадеж
  • Сенилна ксероза
  • Суви испукани раце
  • Сува и оштетена кожа на петици и стапала

Многу е лесна за употреба, односно се нанесува на чиста кожа 2-3 пати во денот и со минимален притисок се втрива.

Филагрин протект

Како функционира филагрин протект®?

Филагрин е протеин кој природно се наоѓа во структурата на површинскиот слој на кожата и игра значајна улога во нејзиниот интегритет. Губитокот на филагирин доведува до нарушување на структурата на површинскиот слој на кожата и губење на вода што предизвикува прекумерна сувост на кожата.

Глицеролот е физиолошки навлажнувач, кој силно ја привлекува и задржува водата на површината на кожата. При редовна употреба на глицерол во поголема концентрација се зголемува нивото на филагрин протеинот во кожата, а филагрин протеинот го намалува губењето на вода од кожата. На овој начин се обновува оштетената бариерна функција на кожата и заштитува од нејзино понатамошно нарушување.

Филагрин протект

Големата концентрација на глицерол ја издвојува оваа маст од останатите на пазарот.

Д-р Александра Лазаревска, дерматолог од Клиничката болница Жан Митрев, за делотворноста на маста изјави: „Во изминатата година, го следевме одблиску дејството на филагрин протект® бариерната маст, која се покажа со одлични ефекти во бројни индикации. Би сакала да ги споменам во прва рака атопичната кожа, сувата и оштетена кожа, кожа склона кон иритации, кожа склона кон алергии и контактни реакции, каде што забележавме особен успех во лекувањето.“

Филагрин протект

Производот е достапен во сите подобро снабдени аптеки. Повеќе информации можете да добиете на телефонот 070 327 856.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.