Почетна » Новости » Промо » Започна Есенската математичка школа

Започна Есенската математичка школа

Во саботата, 5 октомври, започна Есенската математичка школа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Организатори се Сојузот на математичари на Македонија, а како генерален спонзор се јавува издавачката куќа Просветно дело. Есенската математичка школа 2019 е наменета за учениците од основните и средните училишта од целата држава.

математичка школа

Во организација на Сојузот на математичари на Македонија, секоја сабота во октомври и во првата половина од ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржува Есенската математичка школа 2019. Таа е наменета за ученици од 4 одделение основно образование до 4 година средно образование. Со секоја возрасна група е предвидено да се работат по две теми, со вкупно 20 часа предавања, а по предавањата, предвиден е и завршен тест. Изборот на темите е приспособен на возраста на учениците, дел од темите ја надополнуваат, а дел од темите излегуваат од рамките на редовната настава по математика во училиштата. Предавачи на Школата се универзитетски професори и истакнати наставници по математика.

математичка школа математичка школа

„Со овој наш мал придонес во полето на популаризацијата на математиката сакаме да им овозможиме на учениците, коишто ја сакаат математиката, да имаат една можност повеќе и поквалитетно да се дружат со неа, но и со врсниците со коишто делат заеднички интереси“ – изјавуваат од Сојузот на математичари на Македонија.

математичка школа математичка школа

Поддржувачи на Есенската математичка школа 2019 се: Просветно дело –Скопје, Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, сите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

„Секогаш работиме во насока на развој и поддршка на наставниот процес така што нашата поддршка ја насочуваме кон развојот на математиката во нашата држава и кон мотивацијата на учениците и наставниците“ – изјавија од издавачката куќа Просветно дело.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.