Почетна » Новости » Промо » Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

За прв пат во земјата, Еуростандард Банка АД Скопје воведува нова Mastercard PrePaid подарок-картичка која со своите карактеристики и можности е уникатна и единствена картичка од ваков тип на нашиот пазар.

Истата може да се купи на сите шалтери на Еуростандард банка и нуди можност за неограничено надополнување средства, така што претставува незаменлив подарок за секого во секоја прилика.

Еуростандард Банка

За секој бесценет момент во животот исполнет со среќа и радост, како на пример раѓање на дете или роденден, матурска или дипломска прослава, венчавка, одење во заслужена пензија, бонус за вработени или пак некаков празник, и сте во недоумица што да им подарите на вашите ценети и блиски, отсега го имате вистинскиот подарок, со уплата на паричен износ кој купувачот на картичката сам го одредува.

Таа не е персонализирана, односно на пластиката не се печати име и презиме на корисникот на картичката, па така можете да ја подарите било кому. Минималниот износ кој може да се уплати изнесува 1.000 денари, додека максималниот до 30.000 денари.

Овој иновативен производ досега беше присутен само на пазарите надвор од нашата земја, во регионот и пошироко со карактеристики и начин на користење препознатлив за секоја банка поединечно, како докажан, едноставен и функционален производ.

„Креирањето на иновативни банкарски производи и услуги според желбите и потреби на нашите клиенти е вкоренето во стратегијата на Еуростандард Банка АД Скопје. Настојуваме постојано да сме во чекор со новите трендови што ги наметнува пазарот на капитал, па така и природно се јавува потребата за воведување на нови и модификација на постоечките производи, пред сѐ во делот на малопродажбата. Со своите карактеристики и можности кои ги нуди новата Mastercard PrePaid Gift картичката на Еуростандард Банка АД Скопје, таа е уникатна и единствена на пазарот во Македонија и веруваме дека со овој нов производ не само што се подобрува атрактивноста како и изборот на понудата во Еуростандард банка, туку и во земјата воопшто“, изјавуваат од Еуростандард Банка АД Скопје.

Новата Mastercard PrePaid подарок-картичка може да се користи за плаќање стоки и услуги на сите продажни места во земјата и во странство, како и за купувања на интернет, па оттука, претставува извонредна можност за патувања, но и за подолги престои надвор од местото на живеење, а особено е погодна за ученици и студенти. Дополнително, со картичката може да се подигнува и готовина на сите банкомати на Еуростандард во земјата, без никаков надоместок.

Надополнувањето може да се врши во експозитурите и на шалтерите на банката преку електронско и мобилно банкарство, но и од други банки во земјата.

Нејзини дополнителни карактеристики се бесплатна услуга за известување за секоја авторизирана трансакција преку СМС-сервисот на банката и бесплатно користење на услугата 3D Secure за трансакции на интернет, а Mastercard PrePaid Contactless картичката со можност за надополнување има важност од 3 години со еднократен надоместок при купување од 250 денари, без какви било дополнителни надоместоци во следните 3 години.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.