Почетна » Новости » Промо » „Вива“ продолжува да ги освојува светските пазари

„Вива“ продолжува да ги освојува светските пазари

Нашиот најголемиот и најпознат македонски производител на природни овошни сокови, каши и пиреа „Вивакс“ повторно успешно се претставува на најпрестижниот светски саем за храна и пијалаци, со 100 годишна традиција - „Ануга“ во Келн, Германија.

Околу 7.000 изложувачи и повеќе од 150.000 посетители кои ќе имаат можност да ги дегустираат и македонските производи од брендот „Вива“.

Вива Вива

Штандот на ВИВА, како и нивните високо квалитетни производи привлекуваат огромно внимание кај големиот број посетители, претставници на познати ланци маркети, дистрибутери, познати увозници, менаџери и сопственици на компании од целиот свет.

Покрај овошни сокови, познатата домашна компанија на Ануга во Келн ги нуди и високо квалитетните природни овошни каши добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка, праска и вишна кои се употребуваат за производство на природни сокови, смути и детски овошни каши.

„Ануга е место каде се сретнуваат и учество земаат сите значајни фактори во прехрамбената индустрија, а Вива со својот препознатлив квалитет и иновативност веќе традиционално е дел од оваа приказна.“

„Учеството на саемот во изминатиот години како и високиот квалитет на нашите производи ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Кариби, Либија, Малта, Обединети Арапски Емирати и др. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. На саемските манифестации од овој тип, насочени сме и кон размена на искуства и информации за идните трендови во прехранбената индустрија“ – изјави Ристо Јосифовски, управител на Вивакс.

Вива Вива

Компанијата „Вивакс“ годинава промовираше нови газирани цитрусни пијалаци „Вива Спарк“. Уникатноста е дека овие нови производи во својот состав имаат многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува.

Вива Вива

„Вивакс“ оваа година одбележува јубилеј од 25 години постоење. Компанијата располага со најсовремена технологија и постојано ги следи трендовите во производството на сокови, континуирано вложува во модернизација на производствените процеси, современа организациона структура и тим кој брои повеќе од 110 вработени. Фабриката се наоѓа на локација со вкупна површина од околу 50.000 метри квадратни.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.