Почетна » Новости » Актуелно » Хуманоста на дело: Македонец кој живее во Виена му нуди на семејството на Леонид место за спиење, јадење и превоз

Хуманоста на дело: Македонец кој живее во Виена му нуди на семејството на Леонид место за спиење, јадење и превоз

Леонид Индов не ја сплоти само Македонија, туку и Македонците кои живеат и работат надвор од нашата земја.

Семејството на момчето кое во моментов се лекува во Виена, Австрија, доби хумана понуда од добродушен Македонец кој живее и работи таму. Марјан Атанасовски на располагање го стави својот дом и автомобил, нудејќи им на најблиските на Лео место за спиење, јадење и превоз.

„За семејството на младото момче Леонид, што се лечи во Виена, им стојам на располагање спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лечи. Со лесно“ – напиша тој на Facebook.

Леонид

Леонид е во критична состојба поради тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на 'рбетниот мозок. Тој минатиот месец беше транспортиран во Виена со хеликоптер за да продолжи да се лекува, но Фондот одби да ги покрие трошоците.

Леонид

Македонија уште еднаш ја покажа својата хуманост и се сплоти за Лео, а од Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат во покривањето на трошоците.

Еве како можете да донирате за Лео:

Броеви за донации:

А1: 143-500

Телеком: 143-118

Сметка за донација

210700000680591
НЛБ Банка

За донации од странство

BRANKO INDOV

IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE

Можете и да донирате средства на следниот линк: GOFUNDME

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.