Почетна » Новости » Актуелно » „Со какви монструми си имаме работа“: Вучиќ објави дека 2-годишната Данка била убиена и телото ѝ било фрлено

„Со какви монструми си имаме работа“: Вучиќ објави дека 2-годишната Данка била убиена и телото ѝ било фрлено

Малата Данка од Бор била убиена.

Две лица се уапсени и го признале делото, а во моментов ја водат полицијата кон местото каде што го фрлиле телото на 2-годишното девојче. Оваа вест на пресконференција ја соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Имам лоша вест за ова дете, за нашата мала Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршија убиството на малата Данка и колку што знам го признаа делото. Со какви монструми си имаме работа. Сега ги водат до местото каде што го фрлија телото на детето“ – рече тој пред новинарите.

Според информации од српскиот Informer, двајцата мажи возеле многу брзо и ја удриле Данка која во тој момент излегувала од дворот. Наместо да ѝ помогнат, тие го ставиле телото во багажникот и го фрлиле во депонија.

Двете лица се вработени во Водовод. Тие биле приведени во полиција, откако нивниот службен автомобил бил виден во близина на куќата на семејството Илиќ. Најпрво, тие биле пуштени поради недостиг на докази, но по форензичката истрага, биле пронајдени траги од крв во автомобилот.

Лицето со иницијали С.Ј. ја призна вината и откри дека со колегата се договориле детално да го исчистат автомобилот со хемиски средства за да ги отстранат трагите од крв.

Данка исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Банско поле во близина на Бор, за време на посета на семејниот имот. Додека нејзината мајка му давала вода на поголемото дете, Данка исчезнала. Веднаш започна потрагата по неа, а беше активиран и системот „Најди ме“. За жал, исходот е трагичен.

Данка Илиќ Данка Илиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.