Почетна » Новости » Актуелно » Семејството на млад битолчанец ги донираше органите по неговата смрт, спаси повеќе животи

Семејството на млад битолчанец ги донираше органите по неговата смрт, спаси повеќе животи

Пред два дена беше направена мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, а двајца пациенти добија бубрези.

Најмалку четири животи беа спасени благодарение на хуманоста на семејството на младиот битолчанец Пеце Аврамовски, кој како херој си замина од овој свет. Покрај овие четири пациенти, во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

трансплантација

Голем број од пријателите и роднините на покојниот Пеце со емотивни пораки се збогуваа со него, истакнувајќи дека тој вечно ќе живее во сите нив.

Министерот Демири упати огромна благодарност до семејството на донорот, коешто се одлучи да ги донира органите од нивниот близок и притоа да спаси најмалку 4 животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“ – истакна Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскени ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.