Почетна » Новости » Актуелно » Рок спектакл во Битола: Македонска Рок Симфонија со Камерен Оркестар

Рок спектакл во Битола: Македонска Рок Симфонија со Камерен Оркестар

Минатата вечер, НУ Камерен Оркестар на Битола направи вистинско музичко уживање насловено „Македонска Рок Симфонија“ во спортската сала „Боро Чурлевски“. Концертот беше вистински музички спектакл кој ги потсети сите присутни на извонредната музика и квалитетот кој македонската музика го има, и го стави македонското музичко наследство на едно друго ниво кое е од непроценлива вредност за нашето општество.

Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија

Јужната трибина на спортската сала Боро Чурлевски беше целосно исполнета, а публиката во еден глас со Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет ги пееше најдобрите македонски рок хитови од добропознатите Конкорд, Архангел, Леб и сол, Лева Патика, Меморија, Чоканче, Дани, Ареа. „Пушти коси“, „Македонија“, „Високи штикли“, „Моја гитара“, „Чудесен свет“, „Сите мои слики“ и „На месечина“ беа дел од песните кои се најдоја на репертоарот на Македонска Рок Симфонија.

Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија

По повеќе од една деценија спортската сала Боро Чурлевски беше домаќин на концерт и како што изјави директорот на НУ Камерен Оркестар на Битола минатата недела: „Спортската сала Боро Чурлевски во минатото била домаќин на голем број на концерт. По нејзиното реновирање таа е повторно атрактивна за концерти. Поради тоа,одлучивме по повеќе од една деценија да организираме концерт. Изборотна темата не беше воопшто случаен, сакавме првиот концерт во спортската сала по повеќе години да биде со најдобрите македонски рок хитови.“

За минатата вечер, тој изјави: „Мило ни е што јужната трибина на спортската сала минатата вечер беше полна. Нѐ радува фактот што нашиот народ ја сака и ужива во македонската музика без разлика од кој период е. Изразуваме огромна благодарност до сите присутни кои направија минатата вечер да биде незаборавна за нас, а во исто време изразуваме благодарност и до, Министерство за култура, општина Битола и Центар за култура Битола за поддршката овој настан да се случи“.

Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија Македонска Рок Симфонија

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.