Почетна » Новости » Актуелно » Принцезата Кетрин насмеана покрај принцот Вилијам по загриженоста за нејзиното здравје и стабилноста на нивниот брак

Принцезата Кетрин насмеана покрај принцот Вилијам по загриженоста за нејзиното здравје и стабилноста на нивниот брак

Принцезата Кетрин излезе во јавност откако се проширија бројни коментари и шпекулации за нејзиното здравје и стабилноста на нејзиниот брак со принцот Вилијам.

На снимката, 42-годишната претставничка на британското кралско семејство чекори насмеана покрај својот сопруг. Таа изгледа во добра здравствена состојба по операцијата на стомакот.

Кетрин и Вилијам Кетрин и Вилијам

Видео:

Изминатите недели се распространија многу лажни вести и загрижувачки коментари кои посочуваа за влошување на нејзиното здравје, како и за неверство од страна на принцот Вилијам.

Кенсингтонската палата на 17 јануари објави соопштение дека Кетрин била оперирана и ќе остане во болницата во Лондон 10 до 14 дена.

Кралскиот пар замоли личните медицински податоци за Кетрин да останат во тајност. Иако не е познато за што точно била оперирана, се знае дека не станува збор за канцер.

За Денот на мајката, принцезата од Велс објави фотографија со трите деца, за која подоцна призна дека ја едитирала. Тоа предизвика лавина нови шпекулации.

Кетрин и Вилијам Кетрин и Вилијам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.