Во Лондон започна одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна.
По повод Денот на победата во Европа, се одржа воена поворка со 1.300 припадници на вооружените сили и НАТО сојузниците. Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со трите деца им се придружија на кралот Чарлс и кралицата Камила на настанот пред Бакингемската палата.



Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи седеа покрај своите родители додека ја следеа поворката. Ова е прво нивно заедничко појавување по божиќната служба.






Како и секогаш, слаткиот принц Луи привлече големо внимание и насмеа многумина со своите гримаси.






Победата во Европа над фашизмот се одбележува на 8 мај, но денес започнаа четиридневните прослави по тој повод.








