Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 47 оздравени, 7 новозаразени и еден смртен случај од коронавирус

Нова состојба: 47 оздравени, 7 новозаразени и еден смртен случај од коронавирус

Расте бројот на оздравени лица од коронавирус, а новозаразените се повторно едноцифрена бројка. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје (9), Куманово (9), Прилеп (8), Тетово (13), Охрид (1), Гостивар (5), Кочани (1) и Крива Паланка (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април. Станува збор за популарниот водител и музичар Драган Вучиќ.

Коронавирус

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (1), Прилеп (1), Тетово (4) и Кратово (1).

Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје – 512
  • Куманово – 401
  • Дебар – 51
  • Штип-34
  • Прилеп –159
  • Тетово – 90
  • Струга – 67
  • Велес – 77
  • Битола –19
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар –17
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 31
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод -2
  • Пехчево- 2
  • Делчево-1
  • Валандово -1
  • Виница – 2
  • Кратово-1

Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11107 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.