Почетна » Новости » Актуелно » Нобеловката Малала Јусафзаи на насловна на „Вог“

Нобеловката Малала Јусафзаи на насловна на „Вог“

Малала Јусафзаи е инспиративна сила која заслужено добива светско внимание. 23-годишната девојка е во фокусот на најновото издание на британскиот „Вог“.

Малала Јусафзаи

По дипломирањето на Оксфордскиот универзитет, смелата активистка вели дека е на животен крстопат и дека сè уште размислува каде да продолжи понатаму.

„Лежам будна во кревет и се прашувам што да правам следно. Каде да живеам наредно? Дали да продолжам да живеам во Велика Британија или да се вратам во Пакистан или да се преселам во друга земја? Второто прашање е со кого да живеам. Дали да живеам сама? Дали да живеам со родителите? Моментално сум со нив и моите родители ме сакаат, а сите азиски родители сакаат нивните деца да останат со нив засекогаш“ – вели таа.

Јусафзаи, која е најмладата личност која добила Нобелова награда за мир, е дел од сè поголемата група активисти од Генерацијата З, меѓу кои се и Грета Тунберг и Ема Гонзалес. „Добро позната ми е моќта која млада девојка ја носи во срцето кога има визија и мисија“ – потенцира Малала.

Малала Јусафзаи

Кога станува збор за нејзините следни чекори, едно е сигурно – таа потпиша неколкугодишен договор со Apple TV+ и наскоро можеме да очекуваме емисии и серии во нејзина продукција.

Приказната на Малала го трогна светот во 2012 година, а нејзината решителност инспирира милиони лица. Уште од мали нозе таа го обожавала училиштето и пред да биде доволно возрасна за да започне со своето образование, ги посетувала часовите на нејзиниот татко учител и внимателно ги слушала сите лекции. Кога имала само 11 години, тајно ги испраќала своите дневници во BBC. Во дневниците пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност, бидејќи Талибанците не ги одобруваат силните бои.

Малала Јусафзаи

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.

Таткото на Малала очекувал дека Талибанците ќе дојдат по него, но не и по неговото девојче. Малала била застрелана во главата и вратот во училиштен автобус додека се враќала од училиште. За среќа, обидот за убиство бил неуспешен и Малала била префрлена во Англија каде добила соодветна медицинска помош. Оттогаш таа живее со семејството во Велика Британија и продолжува со активизам низ целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11958 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.