Почетна » Новости » Актуелно » „Не требаше вака да нè оставиш“: Почина македонскиот бодибилдер Мирко Петровски

„Не требаше вака да нè оставиш“: Почина македонскиот бодибилдер Мирко Петровски

Македонскиот бодибилдер Мирко Петровски го напушти овој свет.

Мирко Петровски Мирко Петровски

Тажната вест за смртта на фитнес зависникот, кој тренираше многу наши познати личности, ја сподели музичарот Владимир Блажев - Панчо на својот Facebook профил.

„Сè уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој“ – напиша тој.

Голем број интернет корисници со неверување се збогуваат со Петровски.

Професионалниот бодибилдер се занимаваше со спорт од рана возраст. Тој беше добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг, меѓу кои и Државната награда „8-ми Септември“ од 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Мирко Петровски Мирко Петровски Мирко Петровски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.